Неколку дена пред празникот Духови или Духовден, денот кога Светиот Дух се спушта меѓу човештвото кое го бара – се одржа Евросонг. Секако дека и тоа не случајно, а еве и зошто!Со години се знае дека Евросонг е едно големо наместено натпреварување, во кое победата ја носат оние коишто во тој момент му одговараат на светот, нивните случувања и визијата на нивните владетели за што јасно кажува и самото име: Евро Визија (визија на Европа).
Така, минатата година беше исклучително важно во екот на борбата на Русија и христијанските земји против геј инвазијата да победи токму Кончита Вурст, трансексуалец кој ни помалку ни повеќе, пееше за Фениксот и неговото издигање од пепелта, со што на светот му се испрати една многу важна порака – Дојде време злото да се разоткрие, да се подигне од пепелта и да се велича и слави!
За жал, само малкумина ја видоа вистината која тогаш јавно им се пласираше преку евровизиската победничка песна на масите!
Ако минатата година имавме најава на воскресението, годинава го имаме и самото воскреснување и тоа пред самиот Духовден, што е наизглед симболично, но само ретките гледаат што тоа навистина се случува на европската сцена на „заедништвото“. Поврзување на злото и тоа многу силно, но не и непобедиво.
Победата на овој Евросонг ја однесе Манс Зелмерлов, момче кое во името на „напредниот Запад“ се претстави со песната „Херои“. Самото име на песната не открива многу за содржината, туку само дека станува збор за некакви херои. Но, главните стихови во рефренот ја откриваат застрашувачката вистина.
„Ние сме херои на времето! Ние играме со демони во мислите…“ се пее во рефренот на „Херои“, која после само едно слушање длабоко продира во мислите. Пред очите на целото човештво се одигра борбата на демоните и Светиот Дух, кој се симнува меѓу луѓето. Демоните кои ги напаѓаат мислите, како што вели и самата песна, против Светиот Дух кој мислите ги обновува и штити од нивните напади!
Заразните стихови кои повикуваат на танц со демоните, се пеат по христијанска Европа, ноќта пред Духови и тоа со цел: човечкиот ум да биде извалкан, да не мисли на Божјото, туку на она демонското! Зошто ако човекот и неговите мисли не доаѓаат од Бога, доаѓаат од ѓаволот. Борбата овде е сосема јасна и што е најстрашно – јавно изречена! Секако, преку победничката песна „Херои“!
Всушност и самата анимација која ја придружуваше песната, јасно ја покажа вистината: од едно, кон сѐ повеќе, повеќе и повеќе… „човечиња“ кои како роботи со измиен ум слепо го следат секој чекор, секој потег и секое движење на предводникот!
Сте се запрашале ли зошто хероите на времето се токму оние кои танцуваат со демоните во мислите? И зошто токму таа песна ја однесе победата на овогодинешниот Евросонг?
Вистината е дека Сатаната со оваа песна себеси и своите следбеници ги прогласи за херои, но она што е тажна вистина е фактот дека преку песната наведе милиони да го направат истото, следејќи го неговиот сотонски поход на душите и тоа непосредно пред самиот празник – слегувањето на Светиот Дух меѓу луѓето!Со години се знае дека Евросонг е едно големо наместено натпреварување, во кое победата ја носат оние коишто во тој момент му одговараат на светот,