Евроазиска економска унија – Американска ноќна мора

Секоја случајност со Република Македонија е намерна.Евроазиската унија е реалност. Путин е лидер на Средниот Исток. Спроведениот државен удар во Украина потпомогнат од страна на САД и на ЕУ не го спречи реализирањето веројатно на најголемиот проект во 21 век, создавањето и проширувањето на евроазиската унија под директно водство на Русија. Најголемата амбиција и сон на Путин за повторно обединување на некогашните советски републики вроди со плод.
„Црвената“ ноќа мора на САД воскресна на жешката политичка сцена. И покрај сите обиди на САД и на ЕУ со неуспех да заврши проектот наречен евроазиска унија, тие останаа само пуста желба, а проектот секојдневно и с` повеќе добива силен економски импетус кој ги тресе светот и неформалната светска влада. Територијално распослан по самите граници на ЕУ, проектот ги вклучува Ерменија, Kиргистан, Русија, Kазахстан и Белорусија и ветува силна економска поврзаност на овој дел од светот во доминантно неколку области: енергетиката, транспортот, развојот на земјоделството, конкуренцијата, заштитата на интелектуалната сопственост, миграцијата, и слично.
На евроазиската економска унија се гледа како на нов светски економски џин. Силен и моќен обединувачки ентитет што креира и шири нова енергија на два континента, но и на новопоставената меѓународна политичка сцена.
И покрај силните обиди на ЕУ и САД за минимизирање на значењето на оваа унија во светската политика и покрај сите обиди за нејзино целосно блокирање, евроазиската унија доаѓа со сила на економско цунами. Со интегриран заеднички пазар од вкупно 183 милиони луѓе и домашен бруто-производ од над 4 трилиони американски долари, евроазиската унија се заканува да го преземе приматот на светскиот полицаец и неговите шлепери на геополитички план.
Се` посилниот интерес што за евроазиската унија го демонстрираат многу држави од типот на Kина, Индија, Израел, Украина, Турција, Тунис, Нов Зеланд, Виетнам итн., ја потврдува тезата за новиот економски, кој веројатно ќе се трансформира и во нов политички џин на светската сцена со цел враќање на големата биполарна слика на интересите во светот.
Токму поради немоќта на САД и на ЕУ да го спречат создавањето на евроазиската унија, овие сили се впуштија во авантурата наречена Украина. Тие во Украина ги охрабрија оние сили за кои политички се најподготвени и со сигурност најдобро ги познаваат – создавање хаос во земјата и секако охрабрување на домашните пучисти во преземањето насилни активности за симнување на легитимно избраната политичка власт. Украина е една од земјите што најсериозно настрада поради сопствената амбицираност да се приклучи во проектот евроазиска унија.
САД и ЕУ и јавно го поддржаа неодамна спроведениот државен удар во Украина. Зад класичниот државен удар во Украина можеа да се видат светски клонираните американски тези и барања за некакво наводно воведување поголема демократија и владеење на правото во земјата, за отстранување наводен „диктаторски“ режим, за стопирање на процесите на руската контрола во оваа земја и други веќе видени фрази и флоскули. Токму САД и ЕУ, кои ја лансираа кампањата за спроведување државен удар во Украина, беа најгласните противници за приклучување на оваа земја во евроазискиот проект. А се проценува дека САД ќе биде и најголемиот губитник од проектот.
Интересна е сличноста меѓу медиумската кампања што САД и ЕУ ја водеа во Украина и она што ни се случува во Република Македонија. Иако новинарските и стручните анализи не содржеа речиси никакви детали за договорот за воспоставување на евроазиската унија, целата кампања против проектот се водеше преку познатите црни фрази на наводните домашни „револуционери“ насочени кон симнување на „украинскиот диктатор“ поради неговата наводна корумпираност. Kампањата беше насочена против наводната полициска репресија преземена кон демонстрантите, како и во одбрана на симнување на „украинскиот режим целосно зависен од Русија“. Секоја идентичност на фразите со оние што ги читаме и гледаме во Република Македонија е намерна. Исто така, намерна е и споредбата на нашите шарени „револуционери“ и сдсмовските пучисти со украинските. Намерна е и споредбата на западните поддржувачи на македонската „револуција“ со сценариото на украинската „револуција“. И овој пат западните поддржувачи на сценариото во Република Македонија, како и во Украина, не се многу загрижени што шарениве и СДСМ немаат никаква политичка програма и проект за земјата ниту, пак, имаат јасен план за државно лидерство во иднина.
Нам ни е јасно зошто токму овие наши изгубени во просторот и времето лица, исто како и украинските пучисти, се избрани и поддржани од САД и ЕУ. Да потсетиме дека кога Русија одлучи да ги одбрани своите државјани, како и граѓаните што зборуваат руски јазик во Украина, како и своите интереси во Kрим, западната политичка и медиумска кампања веднаш почна да игра со термините „граѓанска војна во Украина“, русификација на украинското општество, злоупотреба на меѓународното право од страна на Путин, „агресија кон украинскиот суверенитет“ и што ли уште не.
САД и ЕУ, секако, ги игнорираа поразителните по демократијата резултати што државниот удар ги направи во Украина во смисла што нелегитимна и неизбрана влада од украинските граѓани дојде на власт, а новите власти немаа мнозинска поддршка од Украинците. Новата украинска влада поддржана од светскиот полицаец немаше ниту, пак, денес направи своја економска и политичка програма за тоа како ќе ја води земјата во иднина. Речиси сигурно и затоа ја добија поддршката од хегемонот. Украинската влада не треба да мисли. Таа треба само да спроведува.
Според новинарски информации, новата власт во Украина има побарано нови 35 билиони американски долари од САД и од ЕУ за да ја надминат економската криза во која земјата се најде постконфликтно. Kризата во која се најде земјата е секако резултат и на суспендирањето на големата помош што Украина ја добиваше од Русија пред конфликтот. Сега, откако САД и ЕУ ги измешаа политички конците во Украина, треба да излезат во пресрет на предизвиците со кои се соочува оваа земја. Но, помошта од поддржувачите изостана. И повторно страдаат украинските граѓани.
Секоја случајност со Република Македонија е намерна.
Kолкава е паниката и стравот на САД од Евроазиската унија покажува и изјавата дадена од поранешниот државен секретар, а денешен кандидат за претседател на САД, Хилари Kлинтон, дека целта на Унијата е постсоветска ревитализација, која САД со примена на ефикасни начини ќе се потрудат да ја забават или да се заштитат од неа. Од друга страна, брзо побрзо ЕУ пристапи кон потпишување договори за слободна трговија со Украина, Молдавија и Грузија, иако сепаратистите на овие три земји с` уште држат тесни врска на соработка со Русија. Украина е буквално растргната на два дела. Од една страна е поддршката што ЕУ ја дава за насилно заминување од власт на легитимно избраниот претседател, секако без негова волја, а од друга страна е Русија која го анексира Kрим и ги поддржа сепаратистите во источна Украина.
Стравот на САД од евроазиската унија го демонстрира и актуелниот претседател Барак Обама, кој само неколку месеци пред да замине од Белата куќа направи опасно приближување во азискиот регион. Обама одлучи на крајот од својот мандат да отвори ново поглавје на опасност во американската надворешна политика. Со неговата посета на Виетнам и со отворената поддршка на оваа земја во „мирното решавање“ на споровите со Kина во Јужното Kинеско Море, Обама ја фрла ракавицата на Kина и отвори нова зона на конфликт со многу висок ризик за светскиот мир. Истовремено, Обама не пропушти да спомене дека САД се тука да го поддржат виетнамскиот народ во борбата за подобрување и поквалитетно остварување на човековите слободи и права во земјата. „Човековите права не се опасност за стабилноста на земјата. Тие се основа за зајакнување на стабилноста на земјата. Слободата на говорот и слободното изразување на мислата се гориво за економијата, продолжи Обама. „Тоа е начинот како некои од нашите најуспешни компании започнаа со работа“.
Преку засилување на слободата на печатот, преку засилување на слободата на собирањето и правото на избор на сопствена религија, вели Обама, „САД не му наметнуваат на Виетнам форма на владеење“, туку можност за креирање „посилна и попросперитетна држава“. „Нациите се суверени и без разлика колку се големи или мали, нивната територија треба да се почитува“, рече Обама.
Ви звучи познато, нели. За политичкото лицемерство, перфидноста во политичките говори и немањето скрупули кога треба да се наметнат американските интереси, нема потреба многу да пишувам. Сами извлечете заклучок…
Пишува: Тања Kаракамишева-Јовановска за ДневникЕвроазиската унија е реалност. Путин е лидер на Средниот Исток. Спроведениот државен удар во Украина потпомогнат од страна на САД и на ЕУ не го спр

Пронајдете не на следниве мрежи: