На Европа ѝ се потребни нови економски правила ако не сака да „умре од штедење“, беше кажано на Десеттиот Фестивал за економија во италијанскиот град Тренто.Таму зборувале познатите светски економисти Џозеф Стиглиц, Тома Пикети и Пол Кругман.
Зборувајќи за мерките на штедење, Пикети истакнал дека на Европа ѝ се потребни нови економски правила.
„Италијанскиот премиер тврди дека мерките за штедење ќе престанат во септември, а јас сакам да го прашам, зошто не сега? И премиерот на Франција тврди дека е против мерките на штедење. Би требало да преминат од зборови на дела“ – рекол Пикети.
Коментирајќи ја нееднаквоста, Кругман потсетил дека во последните неколку години пораснала заработката само на кинеската средна класа и на еден процент од светското население – супербогатите.
За пример, Стиглиц посочил дека покрај економската, во САД е најголема нееднаквоста и во системот за здравствена заштита.
„Американскиот сон е лага“ – рекол Стиглиц.
Тој додаде дека и минималните плати се пониски отколку пред 60 години.
„А можете ли да замислите личност која 60 години не добила покачување“ – запрашал овој нобеловец.
Инаку, Џозеф Стиглиц е добитник на Нобелова награда за економија во 2011 година, Тома Пикети е автор на култната книга „Капитал во 21. век“, додека Пол Кругман е добитник на Нобелова награда за економија во 2008 година.Таму зборувале познатите светски економисти Џозеф Стиглиц, Тома Пикети и Пол Кругман.
Зборувајќи за мерките на штедење, Пикети истакнал дек