Facebook бара сите да преминат на Messenger

Facebook се подготвува да го оневозможи праќањето пораки за корисниците на iPhone и Android уреди преку матичната апликација, пишува TechCrunch.Промената не е целосно финализирана, но оваа недела компанијата ќе бара од корисниците да ја преземат Messenger апликацијата ако сакаат да комуницираат со своите пријатели.Според претставниците на социјалната мрежа, корисниците и до 20 проценти побрзо можат да реагираат на Messenger отколку на самата апликација.
Овие промени засега се наменети само за корисниците на iPhone и Android смартфоните, бидејќи корисниците на iPad на пример и во иднина ќе можат да ја користат главната Facebook апликации за праќање пораки.
Во следниот период, корисниците ќе добиваат соопштенија кои од нив ќе бараат преземање на апликацијата пред целосно да биде оневозможено праќањето пораки преку Facebook апликацијата.
Повеќе на GSM.mkПромената не е целосно финализирана, но оваа недела компанијата ќе бара од корисниците да ја преземат Messenger апликацијата ако сакаат да комуници

Пронајдете не на следниве мрежи: