На уште еден начин. Доколку го пробате, ќе почувствувате специфичен вкус. Состојки:
Помали шницли бело месо
Листови печеница или шунка
Листови кашкавал
Чаша кисела павлака
Чаша млеко
Коцка путер
Неколку лажици масло
Малку брашно
Сол
Гранче рузмарин
Неколку листови жалфија
Подготовка:
Исечете го месото на помали шницли. На шницлите ставете ја печеницата, па потоа кашкавалот. Завиткајте и зацврстете со чепкалка. Во брашното додадете малку сол и шницлите извалкајте ги во брашното од сите страни. На оган загрејте ја коцката путер со малку масло, па додадете малку рузмарин и неколку ливчиња рузмарин.
Замотаното месо пржете го од сите страни. Помешајте ја павлаката со млекото и додадете ја во тавата околу ролничките, а ролните прекријте ги со кашкавал. Крчкајте на тивок оган или додека не се стопи кашкавалот.
Служете топло. Можете како прилог да послужите варена тестенина или салата.Состојки:
Помали шницли бело месо
Листови печеница или шунка
Листови кашкавал
Чаша кисела павлака