Фејсбук му го укина профилот поради необичното име!

Вилијам Вуд, во 2007 година законски го сменил името во Нешто Долго и Комплицирано.На Британецот со име Something Long and Complicated (во превод, Нешто Долго и Комплицирано), Фејсбук му го суспендираше корисничкиот профил поради необичното име.
За го докаже својот идентитет, овој маж морал на Фејсбук да му ги приложи личните документи, а приложувањето на возачката дозвола не му помогна повторно да го активира профилот.
30-годишниот Нешто Долго и Комлицирано, роден е како Вилијам Вуд и одлучил законски да го смени името во 2007 година. Осум години го користел Фејсбук со тоа име, а во тој период повремено доаѓало до проблеми со докажување на неговиот идентитет.
Последниот инцидент почнал неодамна, откако се обидел да се најави на својот Фејсбук профил и притоа добил известување дека мора да го потврди својот идентитет за да може да го користи профилот.
Откако личните документи не му помогнале да го врати профилот, одлучил да се обрати за помош во медиумите.
„Сите страници на коишто сум активен и кои бараат најава преку Фејсбук, не ми дозволуваат да ги употребувам поради оваа ситуација“ – изјави Комплицирано.
Сепак, Фејсбук на крај му го врати профилот и наведе дека повеќе нема да може да го менува името.
На Британецот со име Something Long and Complicated (во превод, Нешто Долго и Комплицирано), Фејсбук му го суспендираше корисничкиот профил поради

Пронајдете не на следниве мрежи: