Фекална и атмосферска канализација на улица Товарник

На улицата Товарник во н. Ченто се работи на изградба на колектор за фекална канализација и поставување на колектор за атмосферска канализација, известуваат од општина Гази Баба.Градоначалникот Тони Трајковски беше во работна посета на овој објект и истакна дека долги години голем број од куќите од ова населено место биле приклучени на несоодветен начин, односно имаа проблем при одредени санации и реконструкции на цевките кои поминуваат под куќите или низ дворови, а некои куќи имаат и јами, кои не се приклучени на фекалната канализација.
Со реализацијата на овој проект овие проблеми ќе бидат решени, а опфатени се околу 200 куќи. Ова е втората фаза од проектот, а во првата фаза изградено е 240м атмосферска и 240м фекална канализација со вредност на изведени работи 1.764.284,00 ден. Во втора фаза ке се изведат 438м фекална и 438м атмосферска канализација со договорена вредност од 4.255.909,00 ден.или вкупна вредност на проектот околу 6 милиони денари.
Со реализацијата на овој проект жителите ќе имаат поквалитетни и подобри услови за живеење.
Во следната фаза ќе се продолжи со санација на улиците онаму каде што поминува канализцијата. Покрај овој значаен проект за општина Гази Баба, летниот период ќе се искористи за изградба на фекални и атмосферски канализации во повеќе населени места.
-Во моментов се работи на изградба на атмосферска канализација во Триангла, на фекалната канализација во Трубарево, деновиве ќе се распише оглас за фекалната канализација во Јурумлери, за краток период ќе се подготви тендерската документација за фекалната канализација во Смилковци, што значи ќе имаме лето исполнето со голем број на градежни активности, истакна Трајковски.Градоначалникот Тони Трајковски беше во работна посета на овој објект и истакна дека долги години голем број од куќите од ова населено место биле п

Пронајдете не на следниве мрежи: