Фифи и киселиот облак…

Си биле еднаш….не не, вака; Некогаш на едно место многу далеку од овде…уствари чекај ова не е почеток на некоја бајка..ова е дел од вестите шо ги читавме ова недела…Фифи и киселиот облак, едниот од Македонија, ошол за слава во Српско шоу, другото веќе 22 години го чуствуваме во нашата држава, зборвам за киселиот облак.
Некој соработник на НАСА изјавил дека во 2014 година на планетава ќе мавнит кисел облак, господине, дали си бил ти некогаш на Балканот? Овде уште од 1991 година живиме кисел живот, па шо имат да се плашиме од еден кисел облак?! Овде на балканот све е скислено, народот, воздухот, парите, комшите абе све.. Шо имат покисело од то, шо се опервиш од работа за 200 евра? Шо имат покисело од то, шо некогаш живевме еден со друг како браќа, а денес немојме в’очи да се опулиме.. Шо имат покисело од то, шо 75% од Македонците бараат излез од сопствената држава, за подобар живот? И шо имат покисело од то, кога мајка си го изгубила своето чедо во сообракајка како шо се деси во Петокот во Охрид…
Не господине од Америка, ние во Македонија воопшто не се плашиме од еден кисел облак таму негде зад сонцето, з’ш ние веќе навикнати сме на кисел живот и кисел воздух. Да е до мене тој облакот цел нека се истурит врз Балканот, можда ќе мојме некој динар да извајме од то…барем не ќе морат да купвиме поќе киселина (з’ш и та оскапе) за во салата или зимница, ете и ќе заштедиме некој динар…

 
А ако зборвиме за киселина и кисели љуѓе автоматски стигвиме к’ј Фифи… Ех Фифи море, Фифи…или мори да речам? Замина од Македонија во Србија за слава, сега и светот зборвит за тебе, шо ќе прајме сега без тебе?
Значит не навлегвам на темата за педери или транвестит, секој си имат своја мисла околу то. Фифи да живеше во Амстердам ќе беше обична/обичен како сите други луди таму, но во Македонија шознам, можда ќе те заприметит некој дека не си арен… Ама најпоќе се чудам со фактот како си менвиме ставој околу Фифи.. Кога излезе на ТВ сите го пљукавме како срам на Македонија, кога го нападна Жељко сите го браневме, како мојт еден Србин да зборвит лошо за него??
Ама то е то, толерантни сме само кога ни годит нас и можда така и најдобро е, з’ш со овај табиет пак успеавме да истераме 3000 години како една нација.
Извор: Ohrigani.mkФифи и киселиот облак, едниот од Македонија, ошол за слава во Српско шоу, другото веќе 22 години го чуствуваме во нашата држава, зборвам за киселио

Пронајдете не на следниве мрежи: