Фини, ароматични, крцкави КОМПИРИ НА ГРЧКИ НАЧИН!

Фини, ароматични, крцкави компири на грчки начин!Потребни состојки:
7 големи компири за печење
3 чешниња лук ситно исецкани
150 мл маслиново масло
150 мл вода
1 лажица оригано + 1 мала лажичка (за посип)
2 лимона (сокoт од лимоните)
1 лажичка гриз или пченично брашно + ½ лажичка (за посип)
Сол и бибер
Начин на подготовка
1. Загрејте ја рерната на 200 степени. Излупете го компирот и насечкајте го на парчиња. Измешајте ги останатите состојки во сад. Ставете го компирот во тавче па додадете ги останатите состојки. Добро измешајте. Посолете и ставете црн бибер по вкус. Запамтете дека компирот може да поднесе повеќе сол.
2. Печете во загреана рерна 40 минути. Компирот може од време на време да го промешате за рамномерно да се испече.
Извадете го компирот посипете го со уште малку оригано, ако ја впил целата вода додадете уште лажица до две вода. Посипете го компирот со уште малку гриз или пченично брашно и продолжете да печете уште половина час додека компирот не добие убава боја и не стане крцкав.
3. Постои и побрза варијанта на овој компир: Излупениот и исечкан компир сварете го 5 минути во солена вода. Исушете го и оладете го а потоа маринирајте во маринадата од лимон. Траењето на печењето тогаш е само 30-40 минути, односно двојно пократко.  Потребни состојки:
7 големи компири за печење
3 чешниња лук ситно исецкани
150 мл маслиново масло

Пронајдете не на следниве мрежи: