Економските перформанси на државата, пред се одличната даночна политика и условите за инвестирање кои ја сместуваат Македонија меѓу најдобрите држави за водење бизнис се главните аспекти во последното декемвриско издание на влијателниот магазин “Форбс”.Македонија може да се пофали со една од најдобрите економии во Европа. Регистриран е пораст на БДП од 3,4% во првите шест месеци од 2013 година, повеќе од 3% од европскиот просек. За таква мала земја со површина од и 25.713 квадратни километри, население од нешто повеќе од 2 милиони граѓани, Македонија удира добро над својата тежина во економска сила, инвестициските потенцијали и изгледите за развој. Благодарение на потпишаниот договор за слободна трговија со ЕУ, ЕФТА и моќните Турција и Украина, Македонија обезбедува преференцијален пристап на пазарот на повеќе од 650 милиони потрошувачи.
Ова се наведува декемвриското издание на влијателниот магазин “Форбс”, кој го подготви вториот дел од специјалната едиција посветена на Македонија. Во текстот објавен на крајот на декември се промовираат економските перформанси на државата, пред се даночната политика која ја води Владата и која ја сместува државата меѓу најдобрите економии во Европа.
Со наслов Одлича дестинација за инвестиции” преку кус разговор со вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски авторот на текстот пишува дека Македонија има јавен долг од само 33,8%, што претставува четврти најнизок во Европа, годишна стапка на инфлација од 2,8% проектирана за 2013 година, буџетски дефицит од само 3,9% во 2012 и Влада која е пријателски настроена кон бизнисот.
– Македонија е динамична европската економија, со цврста макроекономските основа. Го имаме најатрактивниот доночен режим во Европа, а во технолошко-индустриските развојни зони обезбедуваме 10 години ослободување од данок, па дури и парични стимулации. Со рамен данок од 10% и неоданочување на реинвестирана добивка, Македнија има цел да им дозволи на оние што генерираат капитал во земјава да ги користат придобивките на краток рок со цел да стимулираат поголема инвестција на подолг рок. Странските инвеститори во зоните извезуваат една петтина од вредноста на извозот и тој тренд ќе продолжи со влез на повеќе производствени капацитети во 2014 и понатаму, потврдува Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии. Отворајќи го патот за меѓународните инвеститори, Ставревски верува дека додека фискалниот режим на Македонија е несомнено важен фактор, заложбата на земјата е креирање на бизнис-клима, која е како магнет за станскиот капитал.
Како што пишува “Форбс”, во изминатите шест години владата на премиерот Никола Груевски направи напор да ги поедностави процедурите и да создае едноставна и чиста околина за инвеститорите.- Вклучувајќи се на брзата лента патека за привлекување компании и добивање лиценци , како и зајакнување во делот на заштитата на инвеститорите, во согласност со насоките на ЕУ за економски развој владата на Груевски ја донесе својата Национална стратегија за одржлив развој во 2010 година, усвојувајќи принципи за креирање политики кој ќе им овозможат на приватиот сектор да биде директно вклулен во процесот , потенцира Ставрески.
Според вицепремиерот Ставревски резултатот е тоа што Македонија има институционална архитектура која е уникатна во Европа. – Ние ги комбинираме институциите кои се директно задолжени за потрага по инвеститори, ги поврзуваме со високи владини функционери решавајќи било кавов проблем со создавање на прилагодени програми за развој на инвестициите.
Во текстот посебно внимание е посветено на идеалните бизнис-услови што им ги нуди државата на инвеститорите, пред се преку отстранување на бирократските пречки, со што Македонија секоја година се качува погоре на листата на земји со најдобра бизнис-клима.
КурирМакедонија може да се пофали со една од најдобрите економии во Европа. Регистриран е пораст на БДП од 3,4% во првите шест месеци од 2013 година, по