четврток, 12 ноември 2026
Најново

FORD со зголемена јануарска продажба на сите возила

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Компанијата Ford ја зголеми продажбата на својата палета возила во јануари 2016 година на европскиот пазар. Вкупната побарувачка на возила и уделот на пазарот на Ford Европа се зголеми за речиси 10% во однос на јануари 2015 година и 3 процентни поедни подобро од растот на индустријата.Според вкупната продажба на возила и патнички автомобили, Ford во Јануари годинава продаде 96,900 возила на своите 20 традиционални пазари* во Европа. Со ова, уделот на Ford на пазарот се зголеми за 0,2 процентни поени до 7,9 %.
Исто така, Ford има зголемување од речиси 9% на сите 50 европски пазари**, каде продаде вкупно 105.200 возила. Со ова, уделот на Ford на пазарот е во раст од 0,4 од процентни поени до 7,6%.
„Европската автомобилска индустрија се наоѓа на многу добар почеток и Ford успеа да го надмине овој пораст благодарение на побарувачката на нашите теренски возила, комерцијални возила и спортски возила“, изјави Роланд де Вард, потпретседател за маркетинг, продажба и услуги на „Ford Europе“. „Значајно е дека добивме удел преку продажба на клиенти на мало, додека многу други во индустријата значително применуваат исклучиво само-регистрација и продажба со изнајмување.“

Комерцијални возила:
Продажбата на возилота Ford CV имаше одличен месец со зголемување од 7% за новиот и проширен спектар Transit и пикап-от Ranger. Ова беше најдобриот јануари за продажба на Ford CV од 2008 година. Продажбата на Transit Connect и Transit од 2-тони беа особено добри, со зголемување на продажбата од 28% и 16%, соодветно. Уделот на пазарот на комерцијални возила изнесуваше 12.7%.
Теренски возила:
Желбата на Ford да ја зголеми продажбата на теренски возила продолжи во јануари, со зголемена продажба на EcoSport компактно теренско возило до 50% и продажбата на Kuga теренско возило од средна големина со зголемување од 19%. Како резултат на зголемената побарувачка за неговите теренски возила и со лансирањето на новиот Edge, големо теренско возило во првата половина на 2016 година, Ford очекува продажбата на теренски возила да порасне за околу 30% во 2016 година во споредба со 2015 година и да се пробие бариерата од 200.000 продадени за прв пат во Европа.
Спортски возила:
Комбинираната продажба на Ford на спортски автомобили – вклучувајќи ги Fiesta ST, Focus ST, Focus ST дизел и Mustang се зголеми речиси трикратно во споредба со јануари минатата година. Со лансирањето на новиот Focus RS, Ford очекува рекордна продажба на спортски автомобили во Европа оваа година. Многу е веројатно да бидат продадени околу 40.000 спортски автомобили во 2016 година – подобрување од 50% од 2015 година, кога се забележа пораст на продажбата на спортски автомобили за 61%.
Предвидување:
По зголемување на уделот на пазарот во секоја од последниве две години и зголемување на продажбата на возила за 10% во 2015 година, Ford ќе лансира седум нови и обновени возила во Европа во текот на 2016 година, вклучувајќи ги и новите теренски автомобили Kuga и Edge, спортскиот автомобил Focus RS, новите мотори и технологии за Transit Custom и Transit од 2-тони и обновениот Ranger пик-ап.Според вкупната продажба на возила и патнички автомобили, Ford во Јануари годинава продаде 96,900 возила на своите 20 традиционални пазари* во Евро

Поврзани вести