Фото: Автомобилите „Застава“ сеуште се возат низ Британија!

„Ако ги споредите автомобилите, кои порано се произведуваа во земјите од Источниот блок, ќе видите дека автомобилите „Застава“ се најдобрите“ – објаснува Фил Даст за својата наклоност кон „Југото“, но и другите автомобили, кои се произведуваа во Крагујевац.  Овој наставник од Ипстонс, Англија, кој е голем љубител во „Застава“, посочува дека „Југото“ и „101“ се пред изумирање во Британија и сака да ги сочува од заборавање.
„Кога во 2010 година, го основав клубот, кој ги вклучува сопствениците на „Југо и „Застава 101“, утврдив дека на британските патишта има вкупно 25 од овие автомобили“ – изјави Даст во интервју за „The Wall Street Journal“.
„На времето тоа беа најефтините модели на британскиот пазар, но поради нивната мала вредност, сопствениците не се трудеа многу околу нивното одржување, па затоа тие и пропаднаа“.

Тој денес има 4 модели „Југо“, од кои еден е „Југо 311“, попознат кај нас како „Застава 101“.
Жолтиот „101“, 27 години се наоѓал заборавен во една гаража, пред Даст да го открие.
„Го откупив за 150 фунти од една жена, потоа го измив и го однесов на сервис, каде што му ги заменија кочниците и сега е повторно спремен за возење“.  Овој наставник од Ипстонс, Англија, кој е голем љубител во „Застава“, посочува дека „Југото“ и „101“ се пред из

Пронајдете не на следниве мрежи: