По се изгледа дека ЈСП попусто ги има залепено пишаните правила на своите возила, за тоа што не смее да се пренесува во градските автобуси. Многу често автобусите служат за пренос на колички од пазар, домашни животни во кутии, патни куфери, теписи и уште многу други видови на предмети. Во средата, во автобусот со број 7″ патниците сликале фотографија на која се гледа дека некој си го пренесувал својот тепих, иако според правилникот на ЈСП, тоа е забрането. Сепак никој не го спречил да го качи тепихот и да го однесе до одредената локација. Во иднина, нема да не чуди ако некој се реши и регалот од дома да го пренесе во некој од градските автобуси.
Фото: ВечерМногу често автобусите служат за пренос на колички од пазар, домашни животни во кутии, патни куфери, теписи и уште многу други видови на пред