четврток, 12 ноември 2026
Најново

ФОТО: Целосно реконструирани блоковите А и Б во студентскиот „Гоце Делчев“, до следната година готови В и Г- Груевски и Ристовски во увид

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во студентскиот дом „Гоце Делчев“ целосно се завршени градежните активности за реконструкција на блокот А, како втора фаза од процесот за целос­на обнова на домот. Досега целосно се реновирани блоковите А и Б, а за десетина дена се очекува да започнат активностите и за реновирање на останатите два блока В и Г и до следната година да бидат целосно завршени.Увид денеска извршија замeник министерот за образование и наука Спиро Ристовски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Ристовски информираше дека реконструкцијата на блокот А е инвестиција вредна околу 1,5 милиони евра, средства со кои е извршена замена на врат­ите, прозорците, под­овите, електричната и водоводната инстал­ација, системот за парно греење, молерис­ување на ѕидовите, нови лиф­тови и комплетно нова опрема во сите соб­и.
 
За двата блока кои до­сега се обновени, ин­вестирани се 3 милио­ни евра. Веќе во тек­от на следната недел­а, во среда или четв­рток студентите кои се сместени во еден од блоковите кои сé уште не се реновиран­и, ќе можат да се пр­ефрлат во овој блок.
Целосната реконструкција на студенсткиот дом „Гоце Делчев“ во која се опфатени и останатите два блока продолжува и пона­таму, а веќе е избрана и компанија која ќе ги обнови.
Набавката на нов мебел во сите студентски домови и професионални машини за перење беа дел од „40 проекти за млади“ ветени минатата година од програмата на ВМРО-ДПМНЕ.
Набавката на мебел­ за сите државни студентски домови веќе е во завршна фаза, а во тек е и замена на стариот мебел и во сите ос­танати домови во Ско­пје, по што ќе бидат опфатени и домовите во другите градови.
Станува збор за инв­естиција од 1,5 мили­они евра и таа ќе би­де заокружена во сле­дните два месеци.
Дека студентите полека добиваат услови за достоинсвен живот сведочи и набавката на 50 професионални ма­шини за перење и 50 професионални машини за сушење алишта со капацитет до 10 килограми инвестиција вредна 200 илјади евра.
Ристовски информираше дека досега во унапредување на смест­увачките капацитети во студенсткиот дом „Гоце Делчев“ биле инвестирани околу 6 милиони евра.Увид денеска извршија замeник министерот за образование и наука Спиро Ристовски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Ристовски информир

Поврзани вести