Фото: ДЕТАЛЕН РЕЦЕПТ за крофни во млеко!

Потребни состојки за тесто:Потребни состојки за тесто:
1 кг меко брашно
5-6 дл млеко
1 свеж квасец
1 шака шеќер
½ маргарин или путер
малку сол
2 жолчки од јајце
Загрејте го млекото за да не биде претопло, ставете една лажичка шеќер, здробете го квасецот, добро потопете го во млекото и оставете да нарасне.
Во садот со брашно додадете шеќер, сол, маргарин, жолчките и нараснатиот квасец.

Замесете да не биде премногу тврдо, ниту премногу меко. По потреба додадете брашно и зејтин.

Оставете го на топло за двојно да се зголеми волуменот.

Расукајте на побрашнета површина на дебелина од 2-3 см и исечете со калап во размер од 8 см.
 

Ставете ги во тава која не е потребно претходно да ја намастите, едно до друго. Остатокот од тестото повторно премесете го, и оставете да се надигне.

Рассукајте и повторно исечете крофнички и наполнете ја другата тава.

Наредените крофни во тавата оставете да се надигнат. Растопете 3 лажици шеќер во дл топло млеко низ тавата. Кој сака, во млекото може да додаде и кесичка ванилин шеќер. Прелијте ги крофните и внимавајте секоја крофна да биде залиена со млеко. Протресете ја тавата за секоја крофна да исплива на површина.

 

Печете во претходно загреана рерна на 180 степени, 30 минути.

Oставете ги кратко после печењето, околу 5 минути и послужете. Една лажичка џем на секоја крофна и посипете со шеќер во прав. Јадете ги топли, иако не е ладни, не се лоши.
И тоа е тоа. Одличен десерт по ручекот.
Количината на тестото е доволно за триесет крофни. Но, нема да ви биде проблем да ги изедете.Потребни состојки за тесто:
1 кг меко брашно
5-6 дл млеко
1 свеж квасец
1 шака шеќер
½ маргарин или

Пронајдете не на следниве мрежи: