Австралискиот супермодел Ел Макферсон по петти пат ја краси насловната на магазинот „Sports Illustrated“, со што уште еднаш докажа дека таа е меѓу ретките кои на 50 години имаат совршено тело!Иако е на самиот почеток од шестата деценија од животот, сѐ уште мами воздишки, а конечно со своите обожаватели ги сподели нејзините совети и трикови за тоа како го одржува совршеното тело.
-„Знаете, кога се смеете, тоа ви менува се. Го менува вашиот дух и начинот на кој луѓето ве прифаќаат, а тука е и алкалната диета во која длабоко верувам“, вели моделката. Таа вели дека во нејзината алкална диета се содржи голема количина на зеленчук и малку риба, а целосно ги исклучува кафето и алкохолот.
Австралијанката уште посочува дека секојдневните пилинзи и спиењето од вкупно осум часа, е нешто што мора да си го дозволи секоја девојка.
„Една од најважните работи за убавината, за која знам дека е клише, е пиењето три литри вода дневно“, вели Ел.
„Јас сум Австралијанка и отсекогаш се занимавав со спорт, со сурфање, планинарење, возење на велосипед. Тоа не го правам за да слабеам, туку затоа што уживам во спортот. Што и да правите, мора да го правите со уживање“,објаснува Ел.
Покрај тоа што Макферсон сѐ уште е една од најплатените модели во светот, таа работи и како дизајнер и има свој бизнис. Неодамна лансираше и линија на долен веш за кој ќе каже дека е дизајниран за сите жени.
„Мислам дека жените денеска посветуваат големо внимание на долната облека, бидејќи се свесни колку тоа е значаен дел за вистинската женственост и колку во добра долна облека, жените се чувствуваат секси и со голема самодоверба“, објаснува манекенката.Иако е на самиот почеток од шестата деценија од животот, сѐ уште мами воздишки, а конечно со своите обожаватели ги сподели нејзините совети и трико