Фото: Еве како денес изгледа Марко Миличев кој го прегази Лука Јовановиќ

Откако е екстрадиран во Србија, Миличев е сместен во централниот затвор. Се очекува дека утре  ќе се изјасни за тоа каде и зошто се криел.Марко Миличев, кој беше уапсен во Кина и за кој полицијата трагаше поради убиството на Лука Јовановиќ на  Бранковиот мост, беше екстрадиран во Србија вчера вечер.
Откако слета авионот во кој се наоѓал Миличев, тој со полициски возила ја напушти аеродромската зграда.
Миличев околу 23 часот, беше сместен во белградскиот Централен затвор. Тој утре ќе мора да се изјасни пред судот каде и зошто се криел.

Миличев во Кина е уапсен на 29 август и тоа во близина на ноќниот клуб „Пепер“ во Шенжен, каде отишол на забава.
Последните денови од Кина пристигнуваа  вести дека тој не се наоѓа во најдобра менталната состојба, па во својата ќелија неколку пати бил  повикан лекар.
Откако беше објавена веста дека Миличев се наоѓа во Кина и е уапсен, таткото на Лука Јовановиќ, Бојан истакна дека тагата во неговото срце за моментот била  заменета и дека неговата желба е исполнета.
– Исполнета е мојата желба, пред поменот за  40 дена на мојот син Лука, осомничениот возач е приведен на правдата, вели Бојан.Марко Миличев, кој беше уапсен во Кина и за кој полицијата трагаше поради убиството на Лука Јовановиќ на  Бранковиот мост, беше екстрадиран во

Пронајдете не на следниве мрежи: