Оваа девојка иако има 16 години нема да ви се верува на колку години изгледа поради својата ретка генетска болест.
Зара Хартшорн има 16 години, но поради ретката генетска болест изгледа како да има 60 години. Наместо мазна и нежна кожа таа има сува и груба кожа, која е целата збрчкана и изгледа како на 60-годишна старица.
Благодарение на еден американски хирург кој и има направено пластична операција нејзината состојба денес е видно подобрена, па Зара има и момче кое е подготвено да биде покрај неа. Таа дури и планира да се запише на колеџ, нешто за што порано воопшто не ни размислувала.
„Живеев во страв дека ќе ме прашаат колку години имам. Малтретирањето беше најлошо кога бев на возраст помеѓу 8 и 10 години. Децата ме нарекуваа мајмун и баба, а јас веќе се чувствував лошо поради тоа како изгледав“, вели Хартшорн.
Ова младо девојче ја наследило оваа страшна болест од својата мајка.
Кога била на возраст од 4 години докторите и откриеле липодистрофија болест, која ја разградува коската и го уништува масното ткиво под кожата.
Со тоа болниот брзо старее и го губи младиот изглед соодветен за годините. Веќе на 12 годишна возраст луѓето мислеле дека малата Хартшорн е средовечна жена бидејќи лицето видно и остарело.
Оваа девојка иако има 16 години нема да ви се верува на колку години изгледа поради својата ретка генетска болест.
Пронајдете не на следниве мрежи: