На само два часа по почетокот на парламентарните избори во Албанија, регистриран е првиот тежок инцидент, во кој е убиен член на Социјалистичкото движење за интеграција (ЛСИ), а три други лица се повредени.
Како што јави дописникот на МИА, во близина на гласачко место во градот Лач, околу девет часот бил убиен 53-годишниот Ѓон Ѓони, член на ЛСИ на Илир Мета, а повреден се Мехил Фуфи, кандидат за пратеник од редовите на Демократската партија (ПД) на премиерот Сали Бериша, и уште две лица кои случајно се нашле во близина.
Телевизијата „Топ-ченал“ информира дека полицијата на самото место пронашла 15 празни чаури и трага по сторителите. Според првичната истрага, мотивите за убиството се од политичка природа. Кон Лач се упатил и лидерот на ЛСИ, Мета.
Според албанските медиуми, на пукањето му претходела вербална расправија меѓу убиениот Ѓони, кој одел да гласа и неколку други лица, кои прво почнале да го тепаат со тврди предмети, по што се слушнале и истрели.
Тепачка е регистрирана и на едно избирачко место во Ѓирокастро, кога не било дозволено семејно гласање.
Инаку на изборите во Албанија денеска се гласа на 4.400 гласачки места, а во единствениот избирачки список се евидентирани околу 3,3 милиони гласачи. Треба да се изберат 140 пратеници.На само два часа по почетокот на парламентарните избори во Албанија, регистриран е првиот тежок инцидент, во кој е уби