Фото: Како циклонот „Тамара“ го доби своето име!

Циклонот „Тамара“ кој изминативе неколку дена беснееше низ Србија, предизвикувајќи огромни поплави, го добил името на интересен начин…Иако шпекулациите околу тоа како овој циклон го добил името на престануваат, на српскиот сајт „Исповести“ се појавило и едно интересно објаснување-дека циклонот „Тамара“ го добил иемто по поранешната девојка на еден синоптичар.
Како што тој самиот раскажал, со неговата девојка биле пред разделба, а караницата кулуминирала кога тој бил на работа.
– Кога отидов на работа, утврдивме дека голем циклон доаѓа кон Балканскиот полуостров и цел ден будно ја следевме ситуацијата. Во меѓувреме дознав дека девојката ме изневерува. Циклонот се повеќе се приближуваше кон нас и не сакаше да го напушти нашиот регион, додека девојка ми ме напушти. Кога започнаа големите врнежи и поплавите кои ја уништија мојата сакана земја, го мразев циклонот исто колку и мојата сега веќе поранешна девојка. Побараа од мене да му дадам име на циклонот и јас веднаш знаев кое име ќе му го дадам – „Тамара“, се наведува на сајтот, каде после изјавата е додадено дека тоа било најголемата одмазда на метеорологот.

 

Иако оваа приказна не е официјално потврдена, истата привлече огромно внимание кај српскиот народ. Од друга страна пак метеоролошкиот сајт „ SerbianMeteo” пак наведуваат дека тие го имаат именувано циклонот Тамара.
Од Хидрометеоролошкиот завод на Србија посочуваат дека циклоните мораат да бидат именувани заради полесно распознавање.
– Листата со имиња за циклоните ја подготвивме уште на почетокот на годината, по азбучен ред од „А“ до „Ш“, и истите беа наизменично машки па женски имиња. Од почетокот на годината имавме околу 20 помали циклони и стигнавме до буквата „Т“ и до „Тамара“, се наведува на нивниот сајт.Иако шпекулациите околу тоа како овој циклон го добил името на престануваат, на српскиот сајт „Исповести“ се појавило и едно интересно

Пронајдете не на следниве мрежи: