Апсолутниот хит за ова лето се гладијаторските сандали. Се разбира, се’ што е барано не чини евтино, па еве една идеја како од обични сандали сами да си направите гладијаторски.
Она што ви е потребно е кожена лента, долга најмалку 15 педи. Лентата треба да одговара на материјалот и ширината (на ремчињата) на вашите сандали кои сакате да ги трансформирате. Потребни ви се и остри ножици, сандали кои веќе ги имате, силиконско лепило, 6 нитни, алатка за нитни и по желба – една жица долга онолку колку што сакате да го направите висок главниот „гладијаторски ‘рбет“ на сандалите.
Најпрво треба да се одлучите колку ленти сакате да имате околу нозете. Ви препорачуваме три ленти зошто е наједноставно и најестетски издржано решение. За да знаете колку материјал ви е потребен измерете ги местата на ногата каде што ќе поминува лентата.
Со острите ножици исечете ја лентата според претходно одмерените должини.
Најгорните долги парчиња се за предниот дел на ногата (за таканаречениот гладијаторски ‘рбет), додека другите делови се за околу ногата.
Исто како на фотографијата, со лепило поминете по горното ремче на сандалата, почекајте 30-тина секунди и потоа залепете ја долгата лента.
Вака треба да изгледа:
Можете да употребите жица за да го направите поцврст гладијаторскиот ‘рбет, но не е задолжително. Доколку одлучите да додадете жица едноставно со силиконското лепило треба да ја залепите на внатрешната страна на долгата лента.
Од надворешната страна пак на долгата лента залепете ги трите ленти за околу ногата и оставете да се исушат.
Мерејќи ја ширината на ногата со лентите кои веќе се залепени на гладијаторскиот ‘рбет најдете го соодветното место за поставување на нитните.
И гладијаторските сандали се готови!
Погледнете ги гладијаторските сандали на Alexander Wang по кои сите дами полудеа на следниов ЛИНК.Апсолутниот хит за ова лето се гладијаторските сандали. Се разбира, се’ што е барано не чини евтино, па еве една
Пронајдете не на следниве мрежи: