Фото: Кога ќе ја погледнете нивната СЕМЕЈНА ФОТОГРАФИЈА ќе останете во ШОК!

Нашето семејство се состои од 55 члена. Десет ќерки, 19 внучиња, зетови, баба и јас. Наскоро ќе е има уште повеќе, го очекуваме дваесетото внуче и првото правнуче. Има ли негде поголема среќа?Со овие зборови на прагот на домот во Борча, со раширени раце Драгурин Ѓуришиќ ги пречека новинарите. Домаќинот на чесната и угледна фамилија меѓу соседите е познат како Шоле, кој со вредните раце изградил над десетици куќи, но и како Црногорец кој сакал син, а добил 10 ќерки.
Додека бабата Олга силна и мудра Црногарка им раскажувала на новнарите дека можеби повеќе го сакала синот отколку мажот со кој била во брак 56 години, Драгутин ги понудил со домашна ракија и гордо им ја покажал новогодишната елка која ја накитил со фотографии од ќерките и внуците.
– Црногорците сакаат син, наследник, би лажел кога би кажал дека јас несакам, но пресреќен човек сум. Му благодарм на Бога што ми даде вака добри ќерки и внуци.
Секое е здраво и весело. Да видите само кога ќе ни дојде куќната слава св. Аранѓел, па три маси во куќата ги полнат само внуците. Тоа е прекрасна глетка. Ќе седнам меѓу нив, тие ме гушкаат, а срцето не полно, туку преполно – гордо раскажува Драгутин.
На секоја ќерка и се радувал и за секоја честел.
– Нема тука збор. Сите во Црна Гора велеа: Види го Шола, десетта ќерка му се роди а тој чести пиење. Како да не се радувам? Бог ми дал здраво право и способно дете.
Овие луѓе со чисто срце умеат да се пошегуваат на своја сметка.
– Во село Бабино, кај Беран, каде живеевме јас и сопругата, мојот роднина Ристо Ѓуришиќ има девет деца. Осум ќерки и еден син. Тогаш во селото велеа, да не се Ристо и Шола би се затворило училиштето – од срце се смее семејството Ѓуришиќ.

 

За време на разговорот, внуката Марија цело време била присутна, па дедо и во еден момент рекол:
– После десетата ќерка, рековме дека нема да се обидуваме повеќе, бидејќи нашата најмала ќерка е само две години постара од најстарата внука. Се сеќавам кога се роди Марија, ми беше четврта внука. Тој ден дома имавме мајстор. Извадив пари да му платам, кога дојде најстарата ќерка Зорица. Ме фати за кошулата и ми рече: Дедо, внука! Јас ги фрлив парите и заплакав бидејќи не е машко. А сега, мојата Марија не би ја менувал за 10 машки. Ниту неа, ниту другите – вели Драгутин додека нежно ја гушка неговата убава внука.
Среќата не би била целосна да не биле добри и зетовите.
– Да им кажам да фатат оган со раце, ќе го направат тоа. Убаво живееме, секој не почитува нас и нашите ќерки- вели Драгутин и додава дека ниту еден од зетовите не е по потекло од Црна Гора.
– Дојдете за св. Аранѓел, да го видите тоа богатство кога сите сме на маса. Минатата година спремивме 100 килограми месо, за сарма, предјадење, главно јадење –ги поканија новинарите Олга и Драгутин, кои пред 20 години се преселиле со ќерките во Белград. Со овие зборови на прагот на домот во Борча, со раширени раце Драгурин Ѓуришиќ ги пречека новинарите. Домаќинот на чесната и угледна фамилија меѓу

Пронајдете не на следниве мрежи: