Хрватска ја тресе трагедија. Четириесет годишен полициски службеник е уапсен откако пред децата ја застрелал поранешната сопруга и 45-годишен маж.
Убиството се случило вчера кога полицаецот со повеќе куршуми од автоматско оружје ги усмртил сопругата и мажот кои заедно со децата биле во автомобил. За среќа децата не се повредени.
Трагедијата се случила кога полицаецот со пресретнал возилото со кое управувал 45-годишниот маж. Застанал и од багажниот простор го извадил оружјето, по што почнал да пука.
Во возилото покрај мажот, била 39-годишната поранешна сопруга на полицаецот, нејзините две ќерки на возраст од 8 и 9 години и 17-годишниот син на возачот.
Извор: КурирХрватска ја тресе трагедија. Четириесет годишен полициски службеник е уапсен откако пред децата ја застрелал поранешна