ФОТО: МАКЕДОНСКИ МОДЕН БЛОГЕР – ФРОСИНА ДАМЈАНОВСКА

Да бидеш модна блогерка во светски рамки, како Џули Сарињана, Мицах Жинели и други, а притоа да бидеш пропратена со голем број на обожаватели кои сакаат да изгледаат како тебе, не е едноставна работа. Она што е веќе долго време развиено надвор од нашите граници, кај нас е се` уште непознато. Светските модни блогери генерално се финансираат од маркетинг на нивните блогови, модни проекти, како и рекламирање на одредени тренди парчиња. Македонија има модни блогерки кои во последно време излегоа, а кои можат одлично да се пофалат. Фросина Дамјановска е името за кое уште многу долго ќе се зборува, а оние што не чуле досега за неа, обрнете повеќе внимание.Фросина Дамјановска е македонската модна блогерка која умешно, креативно и уникатно знае да го извлече најдобро од себе. Економист по вокација, вљубеничка во парчињата на Зара, колекционер на фантастичен и впечатлив накит, но и на тренди парчиња на кои им дава посебен сјај. Нејзина модна икона е Оливија Палермо. Ако сте заинтересирани за нејзините предлози во поглед на модните комбинации можете да го посетите нејзиниот моден блог Fashion & Couture. Доколку ви е полесно да ја следите на Инстаграм, ова е нејзината страна @frosinad. Уживајте во фотографиите на прекрасната Фросина!

Фросина Дамјановска е македонската модна блогерка која умешно, креативно и уникатно знае да го извлече најдобро од себе. Економист по вокација, вљу

Пронајдете не на следниве мрежи: