Тешко на оние што се возат со јавниот превоз особено во Скопје. Oсвен што се приморани да се „борат“ со многуте пензионери кои се редовни во автобусите во вторник, петок и сабота, сега треба да бегаат и од мечки.
Доколку сакате да ја избегнете гужвата од државните автобуси и да ги избегнете пензионерите и нивните кеси, вреќи и слично, веруваме дека се одлучувате за превоз во приватни автобуси. Но, по фотографијава убедени сме дека со задоволство би одбрале да се „карате“ со некој нервозен пензионер кој очекува кога ќе се качи во автобус целиот автвобус да биде на нозе, за тој да има можност да бира каде ќе седне.
Не е честа глетката со мечка која се вози во автобус.Па ве оставаме на мира да ја погледнете фотографијата. Притоа, се надеваме дека во иднина ќе немате можност да го доживеете ова искуство.
Тешко на оние што се возат со јавниот превоз особено во Скопје. Oсвен што се приморани да се „борат“ со мн
Пронајдете не на следниве мрежи: