Фото: Метеорит падна во Никарагва!

Во саботата вечер, во Манагва, Никарагва, падна метеорит, кој предизвика силна експлозија и остави кратер со големина од 12 метри, јавија претставници на нивната влада, а пренесе Асошиејтед прес. Нема повредени или материјална штета.  Портпаролот на владата на Никарагва, Росарио Мурило изјави дека „релативно малиот“ метеорит „паднал од астериоид кој поминувал во непосредна близина на Земјата“.
НАСА не ја потврди поврзаноста на метеоритот со астериоидот. Новооткриениот астериод, наречен 2014 RC, се очекуваше да помине над Земјата во неделата, на растојание од околу 40 илјади километри, само една десетина од растојанието од центарот на Земјата до Месечината. Се проценува дека е со должина од 18 метри.

Локалните медиуми објавија дека научниците се обидуваат да најдат остатоци од метеоритот и дека Никарагва бара помош од САД за истрага на настанот.
„Сите докази кои ги најдовме на самото место, одговараат со фактот дека се работи за метеори“, изјави Хозе Милан од од Институтот за истражување на Земјата.  Портпаролот на владата на Никарагва, Росарио Мурило изјави дека „релативно малиот“ метеорит „паднал од астериоид кој поминувал во

Пронајдете не на следниве мрежи: