На модните писти за пролет 2013, се појавија неколку интересни типови на фризури. Некои од нив се продолжение од минатосезонските трендови, а некои се целосно нови. Скоро сите идеи можат да се искомбинираат во сопствениот стил.
Романтична коса со украси
Една од највпечатливите трендови за пролет-лето ќе биде едноставна пуштена коса, истакната со романтични украси. Посебно е наменета за оние кои го негуваат нежниот и романтичен изглед.
Пепеласто плави прамени
Една од најтешките бои за постигнување е токму ова, бидејќи е најблику до природната плава. Неа ја носи Тејлор Свифт , а Бурбери ја истакна како боја на косата за оваа пролет. Покрај другото рамна коса и шишки исто така остануваат и понатаму популарни.
Големи бранови
Големите бранови создаваат женствен и глумурозен изглед, а тоа се смета за еден од најубавите за пролет лето сезоната.
Омбре прамени
Омбре стилот и понатаму ќе биде актуелен, но голем број од модните критичари најавија многу опуштен стил за косата. Нема оптеретување со неа, таа е пуштена и треба да изгледа колку што е можно поприродно.
Ниски пунџи
Овој тренд ви е најдобар другар – простата и едноставна пунџа свиткана ниско во комбинација со шишки повторно се враќа во мода и тоа многу пошик од кога било досега. Од моделите со патец на средина забележани кај Chanel до ниските и лабаво направену пунџи кај Versace, секој може да ја има оваа фризура.
Холивудски бранови
Популарноста на оваа гламурозна фризура нема да остане незабележана ни оваа сезона бидејќи станува збор за едноставна фризура со многу ефект. Разделувањето мора да биде многу на страна, а целата коса еднакво навиткана.
Марами за секој ден
Весели бои и памучни марами се идеални за сите кои го обожаваат бохо романтичниот изглед. Косата можете да ја исплетете во плетенки или да ја врзите во пунџа. Важно е само марамата да не го допира челото.
Мокар изглед
Оваа сезона бидете храбри и решителни и зачешлајте ја косата наназад користејќи средства за коса што ќе и дадат мокар изглед, како што може да се видат на модните писти, од Alberta Ferretti до Jason Wu.
Несредени фризури
Добра вест за сите „мрзливи“ девојки: набрзина направените, несредените, разбушавени фризури, за кои не е потребно многу време, ниту пак труд, никогаш не биле помодерни. Девојките на ревиите на Balmain, Calvin Klein, DKNY и Stella McCartney, сите ги прошетаа овие лесни и растурени фризурки. Ние сме дефинитивно за.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.На модните писти за пролет 2013, се појавија неколку интересни типови на фризури. Некои од нив се продолжение од минат