Фото: Ова е најсреќната земја на светот, во која само кралот има презиме

Ако ги убивате заштитените животни, ќе одите на доживотна робија. На сите им е роденден во ист ден. Дозволено е не само мажот да ожени повеќе жени, туку и жената да земе повеќе мажи. Пластичните кеси се надвор од законот. Како и продажбата на тутун. Сакате уште?Кралството Бутан е будистичка монархија сместена на Хималаите и опкружена со Кина и Индија. Нејзиниот главен град е Тимбу, се протега на територија од околу 39 квадратни километри и има нешто помалку од 800 илјади жители. Зошто е вредна да ја спомнуваме и да се занимаваме со неа? Еве 27 работи кои нас ни паѓаат на памет.
1. Зборот „Бутан” веројатно на санскрит значи „планински регион”, но постои можност и да значи „крај Тибет”, што има смисла. Официјално име, што тие самите го користат, сепак не е Бутан туку Друк Јул што значи „Земја на змејовите”, но, исто така, значи „Змејски народ”.
2. Тоа е првата земја во светот која за заштита на животната средина има уставна облигација. 60 проценти од територијата мора во секое време да биде под шума. Моментално има 72 проценти.
3. Престолнината Тимбу е еден од двата главни града во Азија во кој не постои семафор. Кога властите ставиле еден, цел народ се кренал на нозе и го отстраниле.
4. Ова е единствена држава во светот каде е забранета продажбата на тутун. Тие немаат проблем со пушење во кафулињата

5. Бутанските манири велат да одбиете храна доколку некој ве понуди, и тоа така што ќе ја покриете устата со рацете и ќе велите „мешу мешу“. Можете да потклекнете после второто или третото инсистирање.
6. Секој кој ќе убие птица која е свете во Бутан, се соочува со доживотна робија. Всушност тоа ќе му се случи на секој кој ќе убие било какво заштитено животно.
7. Бутан е последна земја на светот која воведе телевизија и интернет и тоа во 1999 година.

 

8. Тие се единствена земја која ја воведе бруто националната среќа како единствено мерило на социјален напредок. За разлика од нив, сите ние мериме бруто домашен производ. А тие се меѓу најсреќните народи во светот: барем така покажуваат сите испитувања на Обединетите нации.
9. Првите странски туристи дошле во Бутан во 1974 година.
10. Во Бутан има најмногу неосвоени планини на светот, Gangkhar Puensum кој е висок 7570 метри.
11. Бутан е единствена земја која апсорбира повеќе јаглерод диоксид отколку што произведува.

12. Бутан е единствената земја во светот, во која најголем извозен производ е обновливата енергија.
13. Пластичните кеси се забранети од 1999 година. Наместо тоа, користат памучни, целосно биоразградливи.
14. Национално диво животно е такин, вид на азиска дива коза.
15. Национални спортови се стрелаштво и пикадо, што ги играат на свој сопствен начин.
16. Сите граѓани официјално стануваат една година постари за Нова година, па така никој не може да заборави нечии именден.

 

17. Бутанците за разлика од нас Европјаните го задржале верувањето во моќта на фалусот и имаат друга традиција на негово цртање на своите куќи, со цел да се подобри плодноста и да донесе среќа.
18. Со закон е пропишано како смее да се облекувате за на работа, или во манастир, или во храм. Морате да носите традиционална народна носија.
19. За секој ден престој во Бутан, странските туристи мораат да издвојат од 200 до 300 долари. Но ова не е толку лошо колку што звучи, бидејќи во тоа е вклучен престој во хотел о 4 ѕвезди, сите оброци, транспорт, водич и возач. Единствено пијалокот не е во цената. 65 долари од таа цифра оди за финансирање на образовниот и здравствениот систем, што значи ако го посетите Бутан со сигурност помагате во локалната заедница.

20. Во Бутан со закон е дозволена не само полигамијата (кога еден маж има повеќе жени) туку и полиандрија (кога една жена има повеќе мажи).
21. Инцестот не е невообичаен во оваа земја, и често се случува брат и сестра да се венчаат за да се зачува чистината на крвта. Уште почесто е венчавањето помеѓу роднини.
22. Традиционално, наследството на земјиштето, куќата и животните главно се пренесува на најстарата ќерка, а не на синот.
23. Кома маж и жена се венчаат, мажот се сели во куќата на жената.

24. Кога Бутанците пречекуваат гости велат „казузанпола“. Ова може да значи „добро утро“, „зраво“ или „како сте“.
25. Мобилната телефонија во ова хималајско кралство пристигнала дури во 2003 година.
26. Забрането е да се градат згради повисоки од оние со 5 ката.
27. Луѓето во Бутан немаат презимиња. Всушност единствена личност во целата земја која има презиме е кралот кој се презива Вангчук. Ова е обратно од праксата во Јапонија каде единствено царското семејство нема презиме. Истовремено постојат 50 имиња кои се вртат во круг, па затоа се користат додатоци како што се имињата на татковците, местата на раѓање или професиите, за луѓето полесно да се идентификуваат.Кралството Бутан е будистичка монархија сместена на Хималаите и опкружена со Кина и Индија. Нејзиниот главен град е Тимбу, се протега на територија

Пронајдете не на следниве мрежи: