Фото: Три фотографии кои го променија светот

Постојат фотографии низ светот кои поради својата длабока содржина и скриено значење го променија светот и погледните на луѓето кон одредени области во животот.
Овие три фотографии се со различно значење и имаат длабока содржина за различен сеглемнт од животот.
1. Фотографијата која ја уништи индустријата
За многумина од овој бизнис, оваа фотографија има значење како „фотографијата која ја уништи индустријата“. Оваа фотографија е направена на 6-ти мај 1937-ма година и означува една голема катастрофа од 20-ти век.
На овој брод имало 97 луѓе од кои 62 се спасиле. Во споредба со познатата несреќа на Титаник оваа бројка не е ни блиску до таа на Титаник, но оваа направена фотографија од моментот кога се случила несреќата на овој брод е многу повредна отколку претпоставката како настрадал Титаник.
Откако оваа фотографија се појавила во јавност, многумина се исплашиле да патуваат со брод, па бизнисот со бродови достигнал најниско ниво во еден период од 20-тиот век.

2. Фотографијата која ја означува депресијата
Оваа слика е направена во Калифорнија во 1936-та година. За многумина таа е симбол на едно време на депресија и тешки моменти. Фотографот кој ја направил оваа фотографија, ја приметил 32 годишната жена, како секојдневно се бори со животот за да опстане и да се прехрани себе си и своите деца.
Во момент кога таа размислувала каде да најде парче леб, а нејзините деца и плачеле на рамо и барале храна, фотографот го фатил тој момент со својот објектив, каде што фотографијата добила големо и длабоко значење и пробудила најразлични реакции кај луѓето, по нејзиното објавување.

3. Фотографијата која им дозволува на генијалците да имаат смисла за хумор
Ова е една од најпознатите фотографии низ светот, која има скриена порака. Покрај тоа што го прикажува генијалецот Ајнштајн, кој е иснпирација за многумина, неговиот смешен лик, е симбол за тоа дека и генијалците имаат смисла за хумор и дека не се сериозни и затворени луѓе.
Покрај тоа името Ајнштајн не е симбол само за генијалност, туку и за генијален хумор. Можеби неговото однесување и неговите шеги не ги разбирал секој просечен човек, но тие го правеле уникатен и различен од другите.

Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Постојат фотографии низ светот кои поради својата длабока содржина и скриено значење го променија светот и погледните

Пронајдете не на следниве мрежи: