Фото+Видео: Венчавка за циции!

Оваа двојка е доказ дека венчавката од соништата не треба да чини богатство.Џорџна Портеос и Сид Инес потрошле само една фунта на нивната венчавка. Фунтата ја потрошиле за веќе износената венчаницата на Џорџина.
Пријателите ги замолиле секој сам да си донесе храна и пијалак, инаку просечна венчавка во Велика Британија чини 20 илјади фунти.
Џорџина и Сид органзирале венчавка од соншната со рачно изработени прстени од слонова коска, торта, па дури и фотограф кој ќе ги фотографира.

Приемот на гостите го организирале со пикник, џез музика и танцување на романтични песни, сето ова со неверојатно мал буџет.
-Не ја гледам поентата на тие масивни венчавки. Со нив се губи смислата на венчавката. Денот е предвиден да стапиш во брак со личноста која ја сакаш, да станете сопруг и сопруга. Не сакавме  и не ни беше потребна огромна и луксузна свадба.
Младоженецот за оваа прилика носел неколку години стар костум, свадбената торта ја направла тетката на невестата, за џез музката бил одговорен таткото на невестата, фотографот сликал за возврат невестата да работи за него како монтажер. Локацијата била зад нивната куќа во семејниот двор.
Погледнете го видеото на: МКnewsЏорџна Портеос и Сид Инес потрошле само една фунта на нивната венчавка. Фунтата ја потрошиле за веќе износената венчаницата на Џорџина.

Пронајдете не на следниве мрежи: