Доколку сте љубител на чоколадото, ви нудиме превкусна чоколадна торта која ќе ви го задоволи вкусот на вас и вашето семејство.Потребни состојки:
– 140 гр маргарин
– 140 гр шеќер
– ванилин шеќер
– 6 јајца
– 140 гр мелени ореви или лешници
– 3 реда чоколада – вашата омилена
– една лажица какао
– рум
За филот:
– 125 гр путер
– 125 гр шеќер во прав
– ванила
– 3 реда чоколада
– една лажица какао
– 2 јајца
Подготовка:
Со миксер пенесто изматете ги маргаринот, ванилата и шеќерот. Додајте ги една по една жолчките, матејќи се додека смесата не се изедначи.
Потоа додајте го какаото и растопената чоколада, а на крајот лешниците или оревите. Посебно изматете ги белките во цврст снег и полека додајте ја смесата во чоколадната смеса.
Ставете го и румот. Во калап за печење ставете масло, а потоа и брашно па сипете ја смесата и ставете ја да се пече во загреана рерна на 250 степени.
Печете 10 минути, а потоа намалете ја температурата на 200 и печете уште 15-20 минути. Филувајте кога тестото ќе биде потполно изладено.Потребни состојки:
– 140 гр маргарин
– 140 гр шеќер
– ванилин шеќер
– 6 ја