Фризура за 5 минути од утро до вечер

Таканаречената “Фризура со чорап” се почесто може да се забележи како ја носат многу познати личности кои сакаат да постигнат ефект на елегантна и убаво уредена фризура. Додека на дамите како Reese Witherspoon и Kate Bosworth им помагаат врвни стилисти, ние ќе ви откриеме како најбрзо и најлесно да ја направите сами.
Оваа широка пунџа на врвот на главата брзо се прошири и на црвениот тепих како и на вечерните забави. Ви претставуваме едно видео од британската стилистка за коса Wendy Nguyen. Се што ви треба е еден стар чорап и ќе добиете совршен изглед за вашите вечерни излегувања.
Чекори за пунџа со чорап:
1.Земете стар чорап и исечете го долниот дел под петата. Колку подолг остане горниот дел, толку пунџата ќе биде подебела.
2.Свиткајте ги внатрешните делови навнатре се додека не добиете облик на дебел стегач за коса.
3.Соберета ја косата во висок или низок реп, во зависност од тоа каде сакате да ја имате пунџата.

4.Ако сакате поуреден изглед, ставете пена за коса или гел на косата.
5.Доколку пак сакате фризура со повеќе волумен, со помош на чешел олабавете ја косата на темето.
6.Вовлечете го репот низ отворот на чорапот.

7.Префрлете ја косата преку чорапот и вметнете ја под нејзиниот долен раб.
8.Намотајте го чорапот по должината на репот се  додека не дојдете до главата.
9.Кога ќе постигнете облик на пунџа, зацврстете ги врвовите со шнолички за коса на начин да не бидат видливи.

10.За крај, порамнете ја пунџата така што површински ќе ја зачешлате.Таканаречената “Фризура со чорап” се почесто може да се забележи како ја носат многу познати личности кои

Пронајдете не на следниве мрежи: