Фрлени 280 тони сол на градските улици и булевари.Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на изминатото деноноќие фрлија 280 тони сол за расчистување на снегот од градските улици и булевари. Денеска екипите нa ЈП „Комунална хигиена“ се на терен и го расчистуваат мразот од тротоарите, а екипите на ЈП „Водовод и канализација“ ги чистат шахтите и сливниците. Градот Скопје будно ја следи состојбата на терен и ќе интервенира според потребите.
Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.
Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на изминатото деноноќие фрлија 280 тони сол за расчистување на снегот од градските улици и