вторник, 24 ноември 2026
Најново

Фрлени 50 тони сол на улиците во Скопје

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Екипите на зимската служба на Град Скопјесе на терен и го расчистуваат снегот од градските булевари и улици, каде од почетокот на врнежите утрови се фрлени 50 тони сол.Екипите на зимската служба интервенираат низ сите градските сообраќајници и на критичните точки, каде го расчистуваат снегот со механизација. Паралално со коловозот, екипи од јавните претпријатија на Градот Скопје работат на расчистување на снегот и мразот од тротоарите и јавните површини.
 Во расчистувањето на тротоарите и јавните површини ангажирани се 100 работници и механизација од ЈП „Комунална хигиена“, работници и механизација од ЈП „Паркови и зеленило“, како и  работници од ЈП „Водовод и канализација“ кои работат на чистење на сливниците.
 Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.
Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.
 JП „Комунала хигиена“ апелира општините да ја реализираат нивната обврска за чистење на улиците кои се во надлежност на општините и апелира за поголема ажурност во оваа област, со цел непрекинато собирање на комуналниот смет.Екипите на зимската служба интервенираат низ сите градските сообраќајници и на критичните точки, каде го расчистуваат снегот со механизација.

Поврзани вести