Фудбал без Граници во ФФМ

Во пресрет на почетокот на Европскиот шампионат во фудбал во 2016 година, чиј домаќин е Франција, денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија во Скопје ќе биде презентиран проектот „Фудбал без граници“ од страна на Амбасадата на Германија и Францускиот институт.Проектот ќе го претстават амбасадорите на Франција и на Германија, Лоранс Оер и Кристине Алтхаузер, којшто заеднички го реализираат двете амбасади со поддршка од Француско-германската канцеларија за млади, асоцијацијата „Лоја“ од Тетово и Фудбалската федерација на Македонија.
– По повод Европскиот шампионат во фудбал во 2016 година во Франција, Францускиот институт и Амбасадата на Германија го избраа фудбалот како централна тема на овој заеднички проект, во рамките на кој од 26 до 31 мај 2016 ќе гостуваат момчиња и девојчиња од Франција, Германија и од Македонија во Скопје и во Тетово. Учесниците на оваа културна размена, кои се на возраст помеѓу 18 и 25 години, ќе земат учество во неколку работилници во кои ќе работат на различни аспекти од фудбалот како општествена појава, се наведува во соопштението од Амбасадата на Франција.
Теми на работилниците ќе бидат улогата на фудбалот во современото општество, конкретно во борбата против дискриминацијата, расизмот и насилството во фудбалот, моќта на фудбалот да дејствува во насока на социјална сплотеност во интеркултурен контекст, односно да привлече и мобилизира млади луѓе. Дел од темите се и: етиката во спортот, особено преку концептот на „чист спорт“ и борба против допингот, политичките и економските предизвици во фудбалот, еднаквоста помеѓу половите, феноменот на дискриминација и расизмот и насилството во фудбалот.
Во проектот покрај младите, ќе бидат вклучени и познати домашни фудбалери, како Дарко Панчев и Артим Шаќири.
Предавање ќе одржи и Ан Тати, доктор по спортска социологија и професор на Универзитетот во Франш-Конте, а ќе биде организиран и пријателски фудбалски натпревар меѓу учесниците.Проектот ќе го претстават амбасадорите на Франција и на Германија, Лоранс Оер и Кристине Алтхаузер, којшто заеднички го реализираат двете амбасади

Пронајдете не на следниве мрежи: