Гавазова: Со нова тетоважа – до ново момче

Пејачката Сузана Гавазова неодамна, под левата клучна коска, ги истетовирала зборовите „љубов, надеж, верба“, со верба дека ќе најде момче кое ќе биде нејзиниот животен сопатник.  Оваа нејзина нова тетоважа е напишана на италијански јазик, а на „Фолк – фест Валандово“ Сузана ја криеше со косата. Таа има уште две тетоважи. Едната која се наоѓа на нејзината лева рака е во облик на око, а другата на задникот – нејзиниот хороскопски знак, стрелец.
Сузана Гавазова веќе подолг период вели дека никојпат не се вљубила толку за да посака да се омажи. Сега се уште вели дека не е вљубена, но верува дека ќе дојде и тој ден и таа да стане невеста.
„Мислам дека проблемот е до мене. Премногу сум зафатена и посветена на кариерата. Ќе дојде и тој ден кога ќе се заљубам и ќе го дадам срцето некому. Не загубив надеж, затоа и истетовирав ‘љубов, надеж и верба’ блиску до срцето“, вели Сузана, која на последното издание на „Фолк – фест Валандово“ ја освои првата награда од публиката за песната „Умирам по тебе“.
– „Неможе јас да умирам, туку можат тие да умираат по мене“ – низ смеа вели Гавазова и појасни дека песната им е посветена на печалбарите.
Се надеваме дека новата тетоважа на Сузана ќе и донесе многу среќа во љубовта!Пејачката Сузана Гавазова неодамна, под левата клучна коска, ги истетовирала зборовите „љубов, надеж, верба&ldqu

Пронајдете не на следниве мрежи: