Газдарица на туристичка агенција заработи кривична пријава за измама

Полициската станица во Прилеп до прилепското основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 29-годишна прилепчанка и против туристичката агенција „Сториа Травел“ за кривични дека злоупотреба на службената положба, измама и фалсификување или уништување на деловни книги.Прилепчанката, како управител на фирма која до лани работела под називот „Виаџо“, извршила промена на седиштето во Скопје, а седиштето кое претходно било во Pрилеп го регистрирала како подружница на оваа фирма, која цела една година била под стечај.
МВР денеска соопшти дека пријавената со намера да стекне со противправна имотна корист кон крајот на 2015 до август годинава, повторно отпочнала со вршење на услуги на туристички агенции, при што со лажно прикажување дека е овластена да продава промотивни авио карти – по цени далеку поевтини отколку реалните, без да ги поседува потребните дозволи, наплатувала од граѓани и тоа дел  на жиро сметката на фирмата „Сториа Травел“, а поголемиот број во готово или пак преку електронска картичка.
На ваков начин пријавената оштетила петнаесетина лица и една фирма. Taa незаконски заработила над милион и 600 илјади денари.Прилепчанката, како управител на фирма која до лани работела под називот „Виаџо“, извршила промена на седиштето во Скопје, а седиштето

Пронајдете не на следниве мрежи: