Центарот Тодор Гечевски во изјава за „НоваМакедонија“ вели дека не ја променил одлуката, и нема ниту да ја промени, дециден е дека заврши со играњето активна кошарка за репрезентацијата на Македонија.„Не знам ништо за изјавите на Мерџановски и на Пипан. Пред некој ден се вратив од одмор, сега сум во Кавадарци и уште со никого не сум контактирал, ниту од МЗТ Скопје, а ниту од Македонската кошаркарска федерација. Јас моето го кажав лани и во текот на целата сезона, кога наидував на прашања за моето враќање во националниот тим. Цврсто стојам на мојата одлука и нема да ја менувам. Не бегам од разговор со Пипан и со луѓето од МКФ, но тоа ништо нема да смени во мојата одлука. Секако, ако се побара каква било моја помош во репрезентацијата, им стојам на располагање, но со активното играње за репрезентацијата завршив“ вели Тодор Гечевски за „НоваМакедонија“.
210 високиот центар своето слободно време го поминува во родното Кавадарци, по напорната сезона што ја имаше на клубски план со МЗТ Скопје, каде освои титула во шампионатот на Македонија и во Купот на Македонија.
Извор/Изјава: „НоваМакедонија“„Не знам ништо за изјавите на Мерџановски и на Пипан. Пред некој ден се вратив од одмор, сега сум во Кавадарци и