четврток, 12 ноември 2026
Најново

Гечевски: Ќе дадам се од себе да помогнам најмногу што можам

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Македонскиот кошаркарски репрезентативец во изјава за „Дневник“ вели дека не е во најдобра форма, но ќе се потруди да го пронајде својот препознатлив ритам.Заврши сагата околу Тодор Гечевски, дали искусниот кошаркар ќе биде дел од нашата селекција за Европското Првенство во Словенија, или пак нема да биде, ситуацијата  е јасна, Тоше на задоволство на сите љубители на македонската кошарка ќе биде во селекцијата, неговото искуство ќе помогне, но, како што и самиот Гечевски вели, ќе треба време за тој го пронајде својот препознатлив ритам.
„Ќе ми треба време да го пронајдам својот препознатлив ритам, но ќе се потрудам и ќе давам се од себе да помогнам најмногу што можам. Верувам во соиграчите и верувам дека ќе биде добро“ вели Гечевски во изјава за „Дневник“.
Гечевски вели дека неговата надеж е да се помине групната фаза, бара поддршка од македонските навивачи и верува дека тие ќе бидат задоволни од нив за на крајот да се стигне што е можно подалеку.
Извор: dnevnik.mkЗаврши сагата околу Тодор Гечевски, дали искусниот кошаркар ќе биде дел од нашата селекција за Европското Првенство во

Поврзани вести