Германска разузнавачка служба: Во Европа влегуваат милитанти на ИСИС преправени во бегалци

Најмалку 17 милитанти на ИСИС влегоа во Европа преправени како бегалци, изјави шефот на германската разузнавачка служба, Ханс-Георг Масен, за дневниот весник FAZ.Повеќето од нив се мртви или во затвор, вели тој. Според извештајот, меѓу нив се и двајца осомничени кои загинаа во терористичкиот напад на Париз.
Минатата година, Германија прими околу 1 милион мигранти, главно од Сирија и Авганистан.
Минатата година, во интервју за NBC, Масен изјави дека ИСИС се обидува да „испрати политичка порака, а не порака за операција“.
„Сакаат да покажат дека се способни да шверцуваат терористи во Европа маскирани како бегалци и дека секој бегалец може да е терорист“, додава шефот на разузнавачката служба.
Во годишниот извештај на агенцијата за разузнавање се вели дека „Европа се соочува со нова димензија на исламски тероризам“, и дека „ИСИС планира нови напади во Европа, вклучувајќи ја Германија“.Повеќето од нив се мртви или во затвор, вели тој. Според извештајот, меѓу нив се и двајца осомничени кои загинаа во терористичкиот напад на Париз.

Пронајдете не на следниве мрежи: