Дали сте сонувале да бидете дел од успешна технолошка компанија и да работите во Силиконската Долина? Ова е сон на многу млади луѓе од светот, особено од технолошките области. За првпат кај нас, Girls in Tech Macedonia во соработка со Girls in Tech Global и Silicon Valley Internship Programme (SVIP), на сите девојки – членки на Girls in Tech кои неодамна завршиле или се во последна година на студии на ИТ факултетите, им овозможуваат платени пракси во некои од најдобрите компании во Силиконска Долина со Ј1 виза. Станува збор за работни позиции со полно работно време и целосна плата во времетраење од една година. Избраните кандидатки ќе имаат можност една година да работат со инжинерските тимови на технолошки стартап компании – соработници на SVIP, и да ги развиваат своите ИТ но и претприемачки вештини преку структурирана програма која покрај работната позиција, вклучува и хакатони и други настани кои за време на нивниот престој ќе бидат организирани од Girls in Tech Global и SVIP. На крајот на програмата, учесниците ќе можат да се вратат во своите земји и да пренесат дел од искуствата стекнати во текот на таа незаборавна година.
Успешните кандидати ќе добијат плата во висина од $60 000 на годишно ниво за нивниот годишен ангажман во компанијата. Дополнително, тимот на SVIP ќе организира процесирање на визите за селектираните кандидатки, како и летови и сместување за првиот месец по пристигнувањето и слични дополнителни услуги. Повеќе информации и формулар за аплицирање можете да најдете на следниот линк: https://www.siliconvalleyinternship.com/girlsintech. Апликациите веќе се отворени, а интервјуирањето и поврзувањето со соодветни стартап компании ќе се случува на почетокот на 2016 година. Избраните кандидатки ќе се преселат во Силиконска Долина на крајот на август/почеток на септември 2016.
Извршната директорка на Girls in Tech Macedonia, Јасна Тренгоска, е дел од т.н. Screening Committee for SVIP на Girls in Tech на глобално ниво. Овој комитет во соработка со претставници на SVIP ќе врши преглед и селекција на апликантите од целиот свет.
Девојки, искористете ја оваа можност која сега ви е достапна како дел од програмата на Girls in Tech Macedonia во насока на подобрување на половиот баланс во ИТ и СТЕМ и овозможување на разни привилегии за членството на организацијата и сите кои сакаат да вложуваат во својот развој. За било какви прашања и дополнителни информации, Girls in Tech Macedonia ви стои на располагање на [email protected]. Станува збор за работни позиции со полно работно време и целосна плата во времетраење од една година. Избраните кандидатки ќе имаат можност една го