Гледајте во нечии очи цели 10 минути- Нема да верувате што може да ви се случи!

Заборавете на ЛСД-то:  Очите се нешто многу посилно.  Се разбира,  не зборуваме за нивно конзумирање, туку за силното загледување во некого за време на подолг временски период. Очигледно, ова може да направи луѓето да влезат во некоја поразлична состојба на свеста.Оваа интригантно откритие е  откриено од страна на Џовани Капуто  визуелен истражувач од Универзитетот во Урбино во Италија, но ова не е неговата прва студија. Пред неколку години, научникот регрутирал  50 волонтери и побарал од нив да ги гледаат своите рефлекси во огледало 10 минути во слабо осветлена просторија. Многумина од нив,  за помалку од една минута да почнале  да  чувствуваат нешто доста чудно.
Нивните лица почнале да се искривуваат и менуваат,  во ликови од животни, чудовишта или дури и починати членови на семејството- феномен именуван како илузија на „чудни лица“.
Како што е опишано во психијатријското истражување, Капуто регрутирал  40 млади луѓе и ги ставил во парови.  Секој пар потоа седнал на столчиња во слабо осветлена просторија, позиционирани на еден метар (3.3 стапки) еден од друг. Осветлувањето било поставено на ниво кое им овозможило на учесниците да соберат  фини карактеристики на лицето, но бојата перцепцијата била намалена. Половина од паровите седеле еден спроти друг, гледајќи во меѓусебните неутрални изрази, додека другите грб со грб, загледани во ѕидот. За да бидат  сигурни дека ефектите нема да бидат резултат на нивните очекувања, учесниците не биле информирани за природата на студијата.
По десеттина минути,  учесниците започнале да пополнуваат прашалници за нивните искуства во собата и  откриле некои прилично интригантни сознанија. Според Британското психолошко општество, оние во групата кои се соочиле лице во лице еден со друг , опишале повисоки нивоа на атенуирани бои и звуци, навидум погласни отколку што треба.
Покрај тоа, речиси 90% од нив опишале дека лицето на партнерот почнало да им се појавува во  деформирана форма, 75% дека им се појавиле монструозни суштества, а 15% дури и препознале црти од лицето на некој роднина во лицето на нивниот партнер.

Пријавените сензации, како што вели Капуто, покажуваат симптоми на дисоцијација, термин кој се користи за опишување за губењето на врската со реалноста.
Интересно е тоа што тој објаснува дека овие симптоми се поврзани со деформитетот на лицето, но не и со појавата на чудните облици на лица.
Тој хипотезира дека овие халуцинации, т.н. “чудни лица и привиденија”, можат да бидат последица на губење врска со реалноста,  предизвикана од недостатокот на сензорна стимулација.
Кога некој ќе гледа во една точка подолго време,  се што е одстрана почнува да исчезнува бидејќи вие сте фокосирани само на точката, всушност само на едно нешто во моментот. Но, доколку ова е така , тогаш зошто се појавуваат чудни облици и работи. Доколку некои визуелните информации изнесуваат недостаток, мозокот се занимава со празнините и ги пополнува врз основа на очекувањата или искуствата.
Постојат уште многу работи кои треба дополнително да се истражуваат во врска со овој феномен а работата на Капуто е сеуште во повој.  
Но, би било доста интересно да се дознае што точно доведува до овие чудни халуцинации, бидејќи иако како дел од причината се наведува слабото осветлување, тоа не може да биде единствениот фактор кој го предизвикува овој феномен.Оваа интригантно откритие е  откриено од страна на Џовани Капуто  визуелен истражувач од Универзитетот во Урбино во Италија, но ова не е

Пронајдете не на следниве мрежи: