Гледање на дланка: Еве што кажуваат линиите

Гледањето на дланка е популарно насекаде во светот.Еве упаства до кои би требало да се придржувате при гледањето на дланка:
1.Изберете рака
Во историјата на гледање се верува дека кај жените на десна рака е испишано она за што сте родени, а на левата она што сте го стекнале во животот. Кај мажите е обратно. Но и овде постојат поделени мислење. Некои велат дека левата го покажува она што може да се случи. 
2.Пронајдете четири главни линии
Можно е да се испрекината или кратки но најмалку три ќе најдете. 

 

(1) линијата на срцето
(2) линијата на главата
(3) линијата на животот
(4) линијата на судбината
3. Толкување на линијата на срцето
Ја отсликува емотивната стабилност, перспективата, депресијата и здравјето на срцето. Со помош на неа може да дознаете за љубовниот живот
Досегнува до показалецот: љубовниот живот ви е најважен
Досегнува до средниот прст: себични сте во љубовта 
Досегнува до средина на дланката: лесно се заљубувате
Ја допира линијата на животот: лесно е да ви го скршат срцето
Долга и искривена: слободно ги искажувате емоциите
Права и рамна и досегнува до линијата на главата: добро владеете со емоциите

 
4.Толкување на линијата на главата
Оваа линија покажува како ни оди учењето комуникацијата, каков ни е интелектот и колку поседуваме „желба за знаење“. Оваа линија е поврзана со креативноста и со спонтаноста. 
Кратка: ги отсликува физичките достигнувања
Закривена(стрмно): Креативни сте
Одвоена од линијата на животот: авантуристички дух, ентузијазам…
Брановита: внимателни сте
Дебела и долга: многу размислувате и фокусирани сте
Рамна: реални сте
Ако на неа има „крст“: емотивна криза
Испрекината: неповрзаност на мислите
Испрекината е со „вкрстувања“: моментално одлучувате

 
5. Толкување на линијата на животот
Го отсликува физичкото здравје, генерално, каква ви е состојбата и некои важни промени во животот. Нејзината должина ја отсликува должината на животот. 
Се простира баш до палецот: често сте уморни
Долга е и бела: витални сте
Крива со многу прекини: полни сте со енергија
Лесна и плитка: Лесно се манипулира со вас
Неколку линии на живото: екстра виталност
6.Толкување на линијата на судбината
Покажува до кој степен вашиот живот е преодреден со некои околноси на кои не може да влијаете
Длабока линија: судбината се диктира
Се прекинува и го менува правецот: променлив живот под дејство на надворешни фактори
Се придружува до линијата на животот: индивидуалисти сте
Почнува од палецот и ја сече линијата на животот: имате поддршка од пријателите и семејствотоЕве упаства до кои би требало да се придржувате при гледањето на дланка:
1.Изберете рака
Во историјата на гледање

Пронајдете не на следниве мрежи: