Гневните навивачи создадоа нова верзија на „Излези момче“!

Гневните навивачи, испровоцирани од постапките на тернерот на македонската кошаркарска репрезентација, Алеш Пипан, создадоа нова верзија на познатата „Излези момче“, во чест на тренерот Пипан. Откако Алеш Пипан изјави дека „без емооции го водел жолто-црвениот тим на континенталниот собир“, гневните навивачи решија да создадат нова верзија наречена „Излези Пипан“. 

Во новиот текст на „Излези Пипан“ се споменува и Македонската кошаркарска федерација (МКФ), која е критикувана за изборот на словенечкиот стратег за селектор на нашата национална спортска гордост. Во продолжение се стиховите од новата верзија на песната што стана заштитен знак на македонските навивачи во последните неколку години, напишана од Виктор Николов.
 Излези Пипан право на тераса
и поздрави ја македонската раса
крени ги рацете високо горе
и скокни надоле, „удави“ се во море.
Сети се само, имаше класа тим
од нив направи излитен килим
не знам само како без чувство
сакаше да играш во елитното друштво
покажи малку емоција сега
немој да бидеш профитер кој само бега.
А ние сите сега стоиме срамно
викаме колнеме и пцуеме по МКФ нормално
каде го најдовте да биде селектор тој
зарем не видовте дека е беземоционален ној!

Откако Алеш Пипан изјави дека „без емооции го водел жолто-црвениот тим на континенталниот собир“, гневните навивачи решија да создадат

Пронајдете не на следниве мрежи: