Ѓоковиќ после Париз може да се искачи на врвот!

Доколку Ѓоковиќ ја добие титулата во Париз, а Надал не влезе во финале, тој ќе се врати на место број еден. Најдобриот тенисер на Србија Новак Ѓоковиќ, оваа недела со уште 11.120 поени на листата на АТП, зад шпанецот Рафаел, кој има 550 поени повеќе. Доколку Ѓоковиќ во Париз оваа недела ја освои титулата, а Надал не влезе во финале, ќе се врати на местото број еден на листата на најуспешни играчи во светот. Трет на листатае и понатаму шпанецот Давид Ферер со 6.600 поени. Во финалето на турнирот во Лондон, место обезбедиле Надал, Ѓоковиќ, Ферер и Дел Потро, а за останатите четири места се борат Федерер, Бердих, Вавринка, Цонга и Гаскет. Мареј се откажал поради повредата со која се здобил.
Друг српски тенисер, Јанко Типсаревиќ се задржал на 28 место со 1.310 поени, додека Виктор Троицки се спуштил една позиција и сега е 78-ми со 650 поени.
Најдобриот хрватски тенисер Иван Додиг, падна во најновата АТП листа седум места, и сега е 36-от тенисер на светот, додека Марин Чилиќ се издигнал од 46 на 41 место, откако минатата недела спортскиот арбитражен суд му ја намалил казната поради пронаоѓање на допинг во тестот во последните четири месеци и му ги вратил поените за рангирање и парите од фондот за наградите, кој ги освоил помеѓу мај 2013 и 25 јуни 2013 година.
Иво Карловиќ, после добриот настап на турнирот во Базел, каде го исфрли седмиот светски играч Томас Бердих, и напреднал осум места па сега е на позиција 75.
Пласманот од минатата недела на АТП листата, се подобриле и Антонио Веиќ и Кристијан Мезарос. Веиќ има напреднато 16 места, од 199 на 183, а Мезарос на 5, од 198 на 193 место.
Најдобро рангирани БИХ се тенисерите, Мирза Башиќ на 203 место, Дамир Џумхур е на 207, а Алдин Шеткич на 275 место.

ATP– ТАБЕЛА:
1.Рафаел Надал (Шпанија) 11.670
2.Новак Ѓоковиќ (Србија) 11.120
3.Давид Ферер (Шпанија) 6.600
4.Енди Мареј (Велика Британија) 6.280
5.Хуан Мартин Дел Потро (Аргентина) 5365
6.Роже Федерер (Швајцарија) 4245
7.Томас Бердих (Чешка) 4180
7.Станислас Вавринкас (Швајцарија) 3240
9.Жо Вилфред Цонга (Франција)3235
10.Ричард Гаске (Франција) 3.130
WTA – ТАБЕЛА:
1.Серена Вилијамс (САД) 13.260
2.Викторија Азаренка (Белорусија) 8.046
3.Ли На (Кина) 6.045
4.Марија Шарапова (Русија) 5.891
5.Агниешка Радванска (Посла) 5.875
6.Петра Квитова (Чешка) 4.775
7.Сара Ерани (Италија) 4.435
8.Јелена Јанковиќ (Србија) 4.170
9.Анџелика Кербер (Германија) 3.965
10.Каролина Вожњацки (Данска) 3.520Доколку Ѓоковиќ во Париз оваа недела ја освои титулата, а Надал не влезе во финале, ќе се врати на местото број еден н

Пронајдете не на следниве мрежи: