Голем интерес за аудицијата за новата играна серија за деца во организација на детскиот креативен центар Тинтири-Минтири, Аурипигмент продукција и МРТВ, која се одржа во недела во просториите на МРТВ. Над двеста и педесет пријавени кандидати, деца на возраст од 6 до 14 години од цела Македонија, сакаа да го покажат својот талент за глумење пред тричлената жири комисија. „Многу таленти, многу деца со желба за глумење. Комисијата ќе има навистина тешка задача. Но, радосната вест за сите е дека ова не е единствен проект на Тинтири-Минтири, така што ќе се обидеме на секое дете да му дадеме шанса да ја почувствува магијата на филмот и телевизијата“, изјави авторот на серијата, режисерот Кузман Кузмановски.
Центарот стартува и со организирање на часови по глума, сценарио, анимација, сценско движење, водители, радио драма и друго. Заинтересираните можат да се пријават во центарот во сабота, 28.02.2015 во 12.000 часот во просториите на МРТВ и да добијат професионално насочување, детектирање на талентот и насоки за понатмошно негување и развивање на истиот.
Екипата на Центарот се состои од режисер, сценарист, актер, педагог, социолог како и други соработници. Тимот на Тинтири – Минтири 12 години работи со деца од предучилишна и одделенска возраст во сферата на аудио-визуелните медиуми и театарската уметност, а под водство на м-р Кузман Кузмановски. Меѓу другото организира работилници за анимација за деца во рамки на македонскиот интернационален фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“. Центарот стои зад реализацијата на играните серии за деца „Патувања со рабробил“ (2004) и „Патувања со рабробус“ (2007).
Повеќе информации за уписите и тековните часови како и програмата можете да добиете на контакт телефоните 078 44 75 27, 078 301 551 и 078 30 21 61, или на нашиот мејл [email protected] и веб-сајт www.tintirimintiri.mk.
Над двеста и педесет пријавени кандидати, деца на возраст од 6 до 14 години од цела Македонија, сакаа да го покажат својот талент за глум