ГОЛЕМО БЕГСТВО: Приказна од Втората светска војна поголема и од Холивуд

Од Втората светска војна произлегоа неверојатни личности, но Вилијам „Бил“ Еш- кој послужи како инспирација за филмот „Големо Бегство“, се издвојува дури и од ова одбрано друштво, напишал авторот на новата биографија,  Патрик Бишоп.Еш бил американец, кој- додека неговата држава се уште се премислувала дали да влезе во војната- заминал во Канада за да се обучи за пилот во Кралското Канадско воено воздухопловство. Бил стациониран во Британија и пилотирал со „спитфајтер“ во рамките на 411. ескадрила.
Во март 1942 година неговиот авион е погоден над источна Франција, но тој избегал од остатоците од леталото. Засолниште му пружиле бројни храбри Французи и Французинки. Во Париз го заробил Гестапо и осуден е на смрт, а животот му го спасило геманското воено воздухопловство, повикувајќи се на тоа дека се работи за пилот и дека како таков тој е нивен заробеник.

Остатокот од војната го поминал во неколку логори за воени заробеници, но наместо да биде среќен што се спасил, го опседнивале мислите за бекство.
Кога минатата година почина на 96 години, во текстовите по повод неговата смрт пишувало дека послужил како инспирација за ликот на Вирџил Хилтс, слаб пилот во кожна јакна, кого во „Големото бегство“, го глуми Стив Меквин. Хилст се обидува да се дограби до слобода така што на украден мотоцикл ќе ја прескокне бодликавата жица на германско- швајцарската граница, но не успева во тоа.
Еш скромно ги одрекувал тие тврдења. Рекол дека никогаш не возел мотоцикл и дека не учествувал во бекството од логорот Сталаг Луфт III, на кој е засновано дејствието на филмот.
Но, причината што учествувал е во тоа што тогаш бил заклучен во „ладилник“- како што ја нарекувале самицата во логорот- за казна поради друг обид за бекство.

Бил Еш бил харизматичен, токму како ликот Хилтс, со кого имал многу зеднички особини. Освен што бил Американец, бил згоден, привлечен и имал бунтовен дух. Бил склон да го намалува значењето на своите храбри потфати и маки кои ги преживеал, од кои некои подоцна ги опишал во своите книги.
Израснал во Тексас, во време на голема депресија. Татко му, кој работел како трговски патник, со тешки маки го прехранувал семејството. Бил работел за време на студирањето, но кога го завршил факултетот, не можел да најде работа и со месеци патувал како слеп патник во потрага за било каква работа.

Неговото искуство влијаело на формирање на неговиот политички став. Бил премлад да им се придружи на американските идеалисти кои во Шпанската граѓанска војна се бореле против Франковите националисти. Но кога избила Втората светска војна, одлучил да допринесе во борбата против фашизмот.
Пред и самиот да биде погоден, успеал да собори само еден германски авион. Поради тоа одлучил од затвор да води војна против непријателот на поинаков начин. Безброј пати се обидел да побегне и сам седел во логорската самица, каде добивал само леб и вода. Тие обиди понекогаш биле непланирани, како кога требало да истовари вагон и се обидел да избега.
Но, некои биле детално и долго планирани и барале организација, генијалност и трпение. Неверојатно амбициозен бил планот за бекство низ тунел под вц школката во логорот Oflag XXIB, кај полскиот град Шубин. Бил разработил план кој опфаќал план за копање на тунел од преку 100 метри. Секој ден, во текот на три месеци, група логораши се спуштале низ отворот за вршење нужда, друдејќи се да не упаднат во реката фекалии. Влезот во ѕидот на јамата водел во просторијата во која се наоѓал почетокот на тунелот.
Ден за ден копале тунел нил тесоклив терен, стравувајќи од рушење на земјата, гушење и напад на паника поради клаустрофобија.
При тоа, копањето на тунелот бил полесниот дел од работата. За да имаат било каква можност да избегаат од територијата под контрола на нацистите, им биле неопходни цивилна облека, пари, документи. Во тоа им помогнале други логораши кои биле многу вешти.

Една ноќ, во март 1943 година, 35 мажи во одела направени од униформи од воено воздухопловство и ќебиња, со вешто фалсификувани лични документи, се провлекле низ тесниот тунел и под оградата побегнале во слобода.
Еден стигнал до швајцарската граница пред да биде уапсен, двајца стигнале до Балтичкото море и се удавиле веслајќи кон Шведска. Сите остнати се уапсени во рок од неколку дена.

Тоа било горко разочарување, но скоро сите продолжиле да се обидуваат. Бил успеал неколку дена пред завршување на војната, кога избегал од логорот кај Бремен, непосредно пред да стигне британската војска.
По војната студирал на Универзитетот Оксфорд и се придружил на мрежата на ВВС, која го испратила во Индија. Поради своите радикални ставови тешко се прилагодувал. Сметал дека Комунистичката партија на Велика Британија е подготвена на преголеми компромиси и учествувал на основањето на отпадничката фракција. Ја изгубил постојаната работа во ВВС, но продолжил да работи како хонорарец.Еш бил американец, кој- додека неговата држава се уште се премислувала дали да влезе во војната- заминал во Канада за да се обучи за пилот во Кралс

Пронајдете не на следниве мрежи: