Големо добредојде за првачињата во Карпош

Loading...

Започна новата учебна 2016/ 2017 година во училиштата во Република Македонија. Голем број на првачиња, за прв пат ќе зачекорат во училишните холови, и ќе седнат во училишните клупи. Традиционално основните училишта на територијата на Општина Карпош свечено ги пречекуваат своите нови ученичиња. Оваа година, честа да присуствува на свечениот дочек на првачињата градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски ја имаше ООУ „Владо Тасевски“ во населбата Козле. Основците од ова училиште, со изведба на песна и танци, ги пречекаа првиот човек на локалната самоуправа Стевчо Јакимовски и претседателот на Советот на Општина Карпош Сашо Лазаровски.Јакимовски истакна дека Владо Тасевски е едно од најмодерните училишта на територијата на локалната самоуправа, опремено со најсовремени инфраструктурни средства, преку кои учениците ќе може да учат, творат, да се развиваат и да се изградат во успешни личности.
– Се надевам дека од ова, или од некое друго училиште во Карпош, ќе произлезе некој нобеловец, архитект, успешен спортист, доктор, универзитетски професор или политичар. Ние како локална самоуправа, постојано вложуваме во училишната инфраструктура и во наставниот кадар, се со цел учениците во Општина Карпош да бидат најдобри ученици, нагласи Јакимовски.
Понатаму тој, упати порака и до родителите да ги научат своите деца, да ги почитуваат своите наставници, бидејќи како што истакна, голем дел од своето време децата во наредниот период ќе поминуваат со своите учители. Јакимовски потенцираше дека со изградбата на нов клон на градинката „Пролет“ во Козле, и изградбата на нова градинка во населбата Бардовци, во 14 урбани заедници во Карпош, ќе бидат лоцирани 10 градинки, и со тоа максимално ќе се задоволат потребите на карпошани од овој вид на услуга со кој ќе им се обезбеди згрижување и едукација на најмалите жители на Општината.
Директорката на ООУ „Владо Тасевски“ Елка Даскалова, им посака среќна и успешна училишна 2016/2017 година, на сите ученици, посакувајќи им добредојде на новите првачиња во нивниот „втор дом“, училиштето Владо Тасевски.
– Секој пат им порачувам на родителите, да ги даруваат своите деца со голема и неизмерна љубов, бидејќи на тој начин, тие ќе можат поуспешно да се справуваат со нивните нови училишни обврски, полесно да го совладаат материјалот кој го учат, и да се изградат во етички силни и здрави морални личности.Јакимовски истакна дека Владо Тасевски е едно од најмодерните училишта на територијата на локалната самоуправа, опремено со најсовремени инфраструк

loading...