Ѓорѓиевски: Владата на Заев нема намера да го реши проблемот со кумановските стечајци

Ѓорѓиевски: Владата на Заев нема намера да го реши проблемот со кумановските стечајци -Со овој амандман што го бараме, за рестартирање на фирмите под стечај, предвидено е на заинтересираните инвеститори по стекнување на сопственост на имотот од друштвата, да им се понуди државна помош со цел креирање поголем број на работни места со посебен акцент на ангажман на поранешните вработени стечајци. Значи најголемата бројка на стечајни работници во Куманово потекнува од чевларскиот комбинат ЧИК кој беше воведен во стечај во ‘94. година, гигант со 4.000 вработени, по него беше Киро Фетак со 1.500 вработени. Во изминативе години, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја намали, но се уште е голема, со овие зборови пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Ѓорѓиевски го започна образложувањето на амандманот на расправата по ребалансот на Буџетот.
Ѓорѓиевски посочи зошто овој амандман има големо значење за Куманово и Kумановци и што всушност ќе добијат тие.
-Зошто овој амадман го нудиме сега? Затоа што во претходниве три години се направија големи напори стечајните постапки за овие големи фирми да завршат и спремни се за продавање. Но бидејќи се во лоша кондиција, државата треба да ја субвенционира  фирмата со 2.000 евра од вработен, а за вработување на стечаен работник 4.000 евра. Оваа мерка е многу важна за Куманово, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.
Истакна дека досегашната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ реализираше и предвиде голем број на мерки кои одеа во насока на решавање на проблемот со стечајците, но дека со овој ребаланс на Буџет, владата на СДСМ таквите мерки ги избриша.
-Оваа мерка беше предвидена за оние инвеститори кои ќе беа подготвени да влезат во овие фирми, државата беше спремна со тие мерки да помогне за акутната состојба со невработеноста во Куманово се поправи. Но сега со овој ребаланс на Буџет таква мерка немаме и затоа и го предлагаме овој амандман и бараме сегашната власт да даде поддршка за овој амандман, заврши Зоран Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Со овој амандман што го бараме, за рестартирање на фирмите под стечај, предвидено е на заинтересираните инвеститори по стекнување на сопственост н

Пронајдете не на следниве мрежи: