Градот Скопје на 4-от регионален конгрес за бизнис пријателско опкружување во Југоисточна Европа доби сертификат за поволно деловно опкружување со што се рангира меѓу најдобрите инвестициски дестинации во Југоисточна Европа.Оваа награда Град Скопје ја доби на конгресот којшто се одржа во Подгорица (Црна Гора) во рамки на програмата Сертификација на општини по мерка на стопанствениците во Југоисточна Европа (BFC SEE).
На конгресот, сертификати за поволно деловно опкружување во Република Македонија добија и општините Штип, Богданци и Гази Баба. Покрај нив, сертификати за поволно деловно опкружување добија уште 11 општини од регионот и тоа од Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска.
Согласно BFC SEE стандардот во моментов има 26 сертифицирани општини кои даваат квалитетни услуги и поволно деловно опкружување на околу 2 милиони граѓани и околу 105 илјади компании, а повеќе од 60 општини од регионот преку BFC програмата го унапредуваат деловното опкружување.
Во BFC SEE регионалната мрежа учествуваат 20 организации и институции од Република Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора кои придонесуваат за јакнење на меѓусебната соработка и размената на искуства, а меѓу нив се надлежни министерства, стопански комори, здруженија на општини, развојни агенции и универзитети.
Четвртиот регионален конгрес за пријателско бизнис опкружување во Подгорица беше во организација на Министерството за финансии на Црна Гора, НАЛЕД – регионално техничкиот секретаријат на BFC SEE мрежата, а со поддршка од ГИЗ – Отворениот фонд за модернизација на општинските услуги.Оваа награда Град Скопје ја доби на конгресот којшто се одржа во Подгорица (Црна Гора) во рамки на програмата Сертификација на општини по мерка на